Здружението на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни „Рилука“, во соработка со танцовиот клуб „Спортакус“, со поддршка од општина Битола, на плоштадот Магнолија, организираа голема детска забава, насловена „Чекор пред себе“.

292493204 1075467396402009 9100141522352021168 n
riluka 10

Настанот имаше за цел, подигнување на свеста за грижата за физичкото и менталното здравје со акцент на најмладата популација, преку активно вклучување на децата во повеќе забавно едукативни активности.

riluka 9

-Нашата соработка трае веќе две години и константно имаме заеднички настани, бидејќи имаме на некој начин исти цели. Една од нив е психхофизичкото здравје на децата и младите, поттикнување на моралните вредности кои некако ги занемаруваме, не ги користиме правилно. Промовираме здрав начин на живот, не е само спорт и здрав начин на живот, но и преку пишан збор и уметничко изразување како и танцот, токму на тој начин децата успеваат да се изразат, рече Ирена НИколовска Ристановска од РИЛУКА.

riluka 5

Преку танцот, музиката, пишаниот збор и ликовното изразување, беше потенцирана важноста на овие активности кои се многу значајни за негување на моралните вредности, во функција на зачувување на здравјето.

riluka 1

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…