илустрација - pexels

Во училиште дојдов како мал човек, односно човек кој не е доволно возразен да донесува одлуки од големо значење. Човек со малку знаење, премалку искуства, а премногу кревок, преполн со страв и трепет, неподготвен за сѐ она што го чека, а сепак преголем во душата и срцето. Во почетокот премногу отворен, пријателски и пред сѐ човечки настроен, а при крајот поразен и разочаран од сè она што го поминал. Дали годините се единственото нешто што се менува? И токму поради сите тие промени кои настанале, дали имам право да копнеам по старата верзија од себеси, или некако да ја чувам поблиску до себе, кога веќе не можам да ја вратам?

pexels sirichai maiduang 746837970 18593308
pixabay

Иако средното образование е само четиригодишен период од нашиот живот, мислам дека е еден од највлијателните и најсилни животни периоди. Низ него растеме и се градиме како возрасни и зрели индивидуи, кои имаат доволно знаење и способност да го применат она што го стекнале и да го направат најдоброто за себе. Годините не се единственото нешто што се менува во текот на средното образование и деновите не поминуваат толку бавно како што ни се чини во самиот момент. Ако погледнеме назад, ќе изброиме точно две средношколски години коишто веќе ги оставаме зад нас, а ако погледнеме напред имаме уште точно толку. Во овие две години можам да кажам дека научив премногу, но не мислам само на знаење од академска страна, туку мислам на знаење без кое немаше да бидам ова што сум токму денес. Научив дека кругот на луѓе што ме опкружуваат е поуспешен кога е потесен и истите тие луѓе нема потреба да ја знаат секоја мисла што ми поминува низ главата, исто како и секој мој следен чекор.

pexels thirdman 8926553
pixabay

Научив да не чувствувам страв и кога ќе нема никој со мене, исто како и чувството на осаменост кога се сите околу мене. Порано мразев да бидам зафатена и секогаш уживав во ден или два слободни после некој важен настан, а сега не можам да се замислам ни со една минута слободно време. Тоа не е така заради тоа што сакам да работам, туку баш не сакам да му оставам слободно време на мојот мозок да работи и мислите што секогаш ги одбегнувам да ме обземат. Копнежот по старата верзија од мене беше најголем после прва година, но исто како и да не постои повеќе. Сите доживеани порази, како и убавите искуства, мислам дека ме изградија и ме направија ова што сум денес. Ми ги отворија очите и ме подготвија за уште поголеми искуства, кои ,,старата јас” никогаш немаше да ги преживее и преболи. Па затоа, старата верзија од мене е подобро што повеќе не ни постои. Но, ако се вратам назад и ги избришам сите грешки што некогаш сум ги направила, ќе си ја избришам и својата егзистенција.

Во училиште влегуваме како странци, истражуваме ново поле со нови луѓе кои се веќе наши познаници и го делат истиот воздух со нас шест часа секој ден. Се подготвуваме да влеземе во светот на возрасните, бидејќи и ние стануваме дел од нивниот свет и излегуваме како истите странци кои бевме и кога влеговме, но сега со многу заеднички спомени.

Автор на текстот е Христина Талевска, ученичка во СОУ Гимназијата  „Јосип Броз – Тито“ Битола

Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …
Како неспособните ги преценуваат сопствените способности – Данинг-Кругеров ефект
Во животот неизбежно сте сретнале барем една ваква личност – тој тврди …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Македонскиот идентитет во 21-ви век: Што значи да се биде Македонец?

Да бидеш Македонец денес, не значи да припагаш на географска територија именувана…