Во рамките на придружната програма на 52. издание на фестивалот „Илинденски денови“ беше отворена изложбата „La belle epoque – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки (крајот на 19 и почетокот на 20 век)“ реализирана во соработка со Државниот архив – одделение Битола.

gratska obleka izlozba 11

Изложбата беше отворена од страна на директорот на Државниот архив – одделение Битола, Гоце Стојановски и директорката на Центарот за култура и претседател на Советот на фестивалот, Маја Андоновска Илијевски.

На крајот на 19-век и почетокот на 20 век, објективнот на браќата Манаки ќе ги овековечи бурните времиња што ги живееше градот. Меѓу еконономската неизвесност, политичките пропаганди и влијанија, нестабилноста на Отоманската империјам Битола ќе се најде на крстопат помеѓу несигурна, но и возбудлива иднина синтетизирајќи ги елементите на стариот свет и европскиот прогрес и благосостојбата во новото време.

gratska obleka izlozba 8

За битолската мода во овој период, д-р Владимир Јаневски ќе истакне:

„Крајот на 19 век и почетокот на 20 век за Битола бил особено важен период и исто така голема пресвртница во однос на модните достигнувања“. Се напуштила старата традиционална облековна култура наречена ала турка и се заменувала со нова културна творевина ала франга.…Сите овие новини во модните случувања морале секогаш да бидат придружени со приказ на социјалната градска средина, но овековечувањето на истите морало да биде придружено со една нова технологија, а тоа е фотографијата. Во тој дел, несомнено најголемо место заземаат браќата Јанаки и Милтон Манаки“.

meblo trejd alati
За сите разочарувања кои нé отрезниле…
Сакам разочарувања. Зошто? Затоа што тоа е …
„Да ја вратиме љубовта кон читањето“ – проект на Пелагонските културно-научни средби
Учениците од четврто одделеное од ООУ „Коле …
Библиотеката дел од „16 дена активизам за спречување на насилство“
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ …

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

    Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

    Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…