gimnazija

СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола успешно ја заврши реализацијата на грантот добиен од Министерството за образование и наука во рамките на Програмата за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици.

Во изминатиот период училиштето реализираше низа активности насочени кон јакнење на безбедна, инклузивна и поттикнувачка училишна средина, во која почитта, емпатијата, достоинството и взаемната поддршка се темелни вредности. Во активностите активно учествуваа учениците и наставниците, испраќајќи силна порака дека насилството нема место во училиштето и дека секој облик на насилство треба навремено да се препознае, пријави и спречи.

Како круна на проектот, изработена е видео-запис каде се претставени најзначајните моменти од реализираните активности. Покрај тоа, подготвена е и електронска брошура со ученички есеи и цртежи, преку кои младите на креативен и искрен начин ги пренесуваат своите ставови, чувства и визија за училиште во кое владеат безбедноста, почитта и меѓусебното разбирање.

Со објавувањето на овие материјали на официјалната Фејсбук-страница, училиштето испраќа порака дека превенцијата од насилството не завршува со проектните активности, туку продолжува преку секојдневното градење култура на дијалог, доверба, солидарност и заедничка одговорност.

СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола останува доследна на својата определба да создава училишна средина во која секој ученик ќе се чувствува безбедно, прифатено и охрабрено да го развива својот потенцијал.

Какви деца воспитуваме?
Книжарница. Влегува мајка со малечко девојче. Мајката дотерана, по сите прописи, со …
Не го игнорирајте отокот на нозете во летните горештини – кои се причините?
Летото носи со себе високи температури, но и непријатности како што е …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…