ai

Вештачката интелигенција им помага на луѓето да работат побрзо, поефикасно и да имаат повеќе време за семејството, но истовремено предизвикува сè поголем страв – од губење на работните места до слабеење на способноста за самостојно размислување. Големо меѓународно истражување покажува дека односот кон AI никогаш не бил поконтрадикторен.

Истражувањето, спроведено од компанијата Anthropic, опфатило повеќе од 80.000 луѓе од 159 земји и претставува едно од најобемните истражувања од ваков вид. Резултатите покажуваат дека токму работите кои најмногу им се допаѓаат на корисниците кај вештачката интелигенција се и оние од кои најмногу стравуваат.

Многумина ја користат AI како извор на поддршка во тешки животни периоди, при загуба на блиски лица или во услови на воени конфликти. Од друга страна, дури трипати повеќе испитаници изразиле страв дека би можеле да станат зависни од неа.

Во деловниот свет, вештачката интелигенција најчесто се користи за автоматизација на задачи, со што на луѓето им ослободува време за поважни активности. Интересно е што најголем дел од испитаниците како најголема придобивка ја навеле можноста да поминуваат повеќе време со своите семејства.

Сепак, загриженоста останува висока. Дури 89 проценти од испитаниците навеле барем една причина за страв поврзана со AI. Најголем проблем е нејзината непоузданост и можноста да донесе погрешни заклучоци. Потоа следуваат стравовите за влијанието врз пазарот на трудот, растот на нееднаквоста, намалената човечка контрола врз одлуките и губењето на критичкото размислување.

Истражувањето покажува и значителни регионални разлики. Во Северна Америка и Западна Европа луѓето повеќе се загрижени за регулативата, надзорот и злоупотребите, додека во Африка, Латинска Америка и Јужна Азија AI почесто се доживува како алатка која отвора нови можности за образование и бизнис.

На глобално ниво, околу 67 проценти од испитаниците имаат позитивен став кон вештачката интелигенција, но резултатите јасно покажуваат дека со растот на нејзината употреба растат и стравовите за нејзиното влијание врз општеството и секојдневниот живот.

ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ – Битола со 19 највисоки награди на 59. Детски ликовен конкурс во Германија
Меѓународниот ликовен конкурс FLOW, со седиште во градот Шведт на Одра, Германија, …
Собор на Свети Архангел Михаил
Св. Архистратиг Михаил и oстанатитe бeстeлeсни нeбeсни Сили, Ангeлитe Бoжји, луѓeтo ги …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…