bit teatar

НУ Народен театар Битола ќе биде меѓу основачите, потписниците и членови на новоформираната Балканска асоцијација на театри и фестивали, значајна иницијатива чија цел е продлабочување на културната соработка, размена на искуства и заеднички развој на театарската уметност во регионот.

Ова беше официјално најавено на прес-конференција во рамките на Меѓународниот фестивал Бабел Фаст во Трговиште, Романија, на која присуствуваше и директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски. На настанот учествуваа и директорот на Театарот „Тони Буландра“ од Трговиште и директор на фестивалот Бабел Фаст, Мек Ранин, како и уметничкиот директор на фестивалот, Ливиу Келоју.

Со членството во оваа асоцијација, НУ Народен театар Битола продолжува да ги зајакнува своите меѓународни партнерства и да биде активен промотор на македонската театарска уметност пред светската публика.

Во своето обраќање, Мавровски го претстави Битолскиот театар и изрази задоволство што институцијата за првпат е дел од еден од најреномираните меѓународни театарски фестивали во регионот.

Во рамките на фестивалот, Народниот театар Битола се претставува со претставата „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во режија на Мартин Мирчевски, потврдувајќи го високото уметничко ниво на македонскиот театар и неговото успешно претставување на меѓународната сцена.

Триото „Интерарт“ со концерт во Македонскиот КИЦ во Загреб
Триото „Интерарт“, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, како …
Започнува Петровденскиот (Апостолски) пост
Православните христијани од понеделник, 8 јуни, влегуваат во периодот на Петровденските пости, …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…