1 e1770226815609

На 2 февруари 2026, во Eco Hub – от на Факултетот за биотехнички науки при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, се одбележа Светскиот ден на блатата (World Wetlands Day), проектната активност во рамките на Еразмус + проектот ПРИРОДАТА НА ВОДНАТА СРЕДИНА: ВКЛУЧУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ВО РАЗЛИЧНИ ОПШТЕСТВА (НИДА).

1000008914

Главен координатор на проектот е Karadeniz Technical University – KTU од Трабзон, Турција, а Факултетот за биотехнички науки – Битола, претставуван од проф. д-р Дијана Блажековиќ – Димовска (локален координатор), проф. д-р Весна Карапетковска – Христова и проф. д-р Билјана Трајковска, е партнерска институција во проектот.

1000008919 edited

Како резултат на Меморандумот за соработка склучен помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола и СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, на овој настан зедоа активно учество ученици од четврта година, природно-математичка насока (комбинација Б), заедно со помошник директорката м-р Даниела Петровска, со единствена цел, продлабочување на соработката во областа на образованието, науката и подигнувањето на еколошката свест кај младите.

1000008913

Работилницата беше реализирана со современ едукативен пристап, со акцент на практично знаење, критичко размислување и активно учество на учениците кон прашањата поврзани со климатските промени, еколошката деградација и заштитата на водните екосистеми. што целосно кореспондира со целите на проектот.

1000008916

Настанот беше подготвен и реализиран од страна на проектниот тим: проф. д-р Дијана Блажековиќ – Димовска, Проф. д-р Весна Карапетковска – Христова и Проф. д-р Билјана Трајковска.

Почнувајќи од 2 февруари 1997 година, секоја година на истиот датум, но со различна тематска содржина, овој ден се одбележува во многу земји во светот, кои се договорни страни или потписнички на Конвенцијата за блата (Рамскарската Конвенција), усвоена во 1971 година, во иранскиот град Рамсар. Конвенцијата за блата (Convention on Wetlands / Ramsar Convention) е меѓувладин договор што обезбедува рамка за зачувување и мудро користење на блатата (влажните подрачја) и нивните ресурси.

1000008920

Нејзина основна улога е да се развие и одржува меѓународна мрежа на блата (влажни ресурси) кои се важни за зачувување на глобалната биолошка разновидност, како и за одржување на човечкиот живот преку одржување на нивните компоненти, процеси и придобивки/услуги на екосистемот“.

1000008918

Денес, Рамсарската листа е најголемата мрежа на заштитени подрачја во светот и во нејзини рамки влегува секоја блатна локација (Ramsar Site) која според Рамсарската конвенција е означена како локација од меѓународно значење.

1000008917

Конвенцијата утврдува дека „блатата треба да бидат избрани на Листата поради нивното меѓународно значење во однос на екологијата, ботаниката, зоологијата, лимнологијата или хидрологијата“. Блатата вклучени во Листата добиваат нов статус на национално ниво и се признати од меѓународната заедница како влажни подрачја од значајна вредност не само за земјата или земјите во кои се наоѓаат, туку и за човештвото како целина.

1000008915

Во моментот, на Рамсарската листа, од Македонија се вклучени Преспанското езеро (1995 година ), Дојранското езеро (2007 година) и Охридското езеро (2021 година).

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…