sara zivotot

Пишува: Сара Танаскоска

Скоро секогаш ми ѕвонат зборовите дека доброто со добро се враќа. Ама како поминува времето само ми станува јасно дека таа бела лага ми го окупира мозокот. Живееме во многу чудно време, исполнето со многу навидум едноставни работи кои често пати ме тераат да бидам малку изненадена, но и по малку тажна. Животот не учи на многу лекции кои за жал немаат веќе поента.

Кога бев дете мислев дека светот има некаков ред, баланс кој го враќа доброто со добро, ама денес сум сигурна дека колку повеќе си добар, ти си наивниот во приказната. Замислете, тоа бушаво девојче со темни очи мислеше дека добрината е скапа валута, која се исплаќа со исти монети, дека ако посееш љубезност, ќе береш радост. Ама денес знам дека животот е суров и полн со отров, јасно ми е дека светот не работи на таков начин.

Понекогаш, добриот човек се наоѓа на местото на наивниот, а злото или апатијата се наградуваат без никакво објаснување. И сепак, не можам да престанам да бидам добра. Не затоа што очекувам за возврат да бидат и другите добри со мене туку за да направам промена во овој темен агол. Знам дека ако бидам „лоша“ ќе се изгуби она суштинското во мене. Ама за жал на полошиот начин научив дека во денешното време на промени во одреден момент мора да си лош. Светот не е фер, ама тоа е реалноста. Значи и покрај се’ не треба да се откажеме од начинот да правиме добри дела, да бидеме нечија причина за насмевка и нечие сонце.

На крајот од денот нема потреба доброто да се врати со добро, важно е да продолжуваме да го сееме семето на убавото. Понекогаш тоа семе не никнува, но тоа што сме се обиделе е доволно да не задржи присутни, живи и чувствителни на светот околу нас.Бидејќи сите сме гости на овој свет. Сите ние имаме одредено време да бидеме дел од нечиј живот, кратко и јасно треба да бидеме промената што сакаме да ја видиме во другите.

Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од одморот, сè повеќе луѓе …
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …
jk travel leto 2026

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…