Дајан Китон, оскаровката позната по плодната кариера, специфичниот природен изглед, необичното чуство за мода и пиењето црвено вино со коцки мраз, тивка и без значајни скандали позади себе, почина на 79 годишна возраст и тивко се пресели на ѕвезденото небо – каде што и е местото.
Родена на 5 јануари 1946 година во Лос Анџелес од родители од средна класа, кога на 22 години во 1968 година се појавила во Бродвејскиот мјузикл Коса, никој не можел да насети каква ѕвезда засјаила на холивудското небо. Настапила во уште неколку помалку значајни улоги кога за прв пат ја забележал Френцис Форд Копола и веднаш знаел – ова е Кеј Корлеоне! И не погрешил. Зборовите не можат да ја опишат чудесноста и талентот на Дајан Китон. Бескрајно интелегентна и толку убава – се зборовите на Копола. За улогата во Кум и нејзиното лансирање во светската слава била избрана за да игра улога на по мирна и послушна жена, но Копола во неа видел нешто по длабоко, и како што кажува самиот тој – бил во право. Китон глуми и во останатите две продолженија на кум, и во секој филм се гледа нејзиното растење како актерка, особено во вториот дел. И покрај што била скептична за повторно толкување на улогата на Кеј во вториот дел од Кум, кога го прочитала сценариото го прифатила, најмногу поради тоа што улогата драматично се променува и добива на сериозност, со што можела целосно да го покаже својот талент. Филмовите Кум 1 и 2 ја ставиле на светската мапа на млади талентирани надежни актерки, но според многу критичари нејзината улога во филмовите или улогата на Кеј во целото дејство на филмовите било минимално и незначајно, што своевремено магазинот Тајмс ја сметал за невидлива во филмовите.
И тогаш се појавил Вуди Ален.
Дајан Китон има најмногу соработувано со Вуди Ален. Почетокот бил уште во 1969 година за претставата Play it again Sam, режирана и со Ален и Китон во главната улога. Потоа следуваат филмовите Sleeper, Love and Death, Interiors, Manhattan, Manhattan murder mystery и филмската верзија на мјузиклот Play it again Sam. Кулминацијата на кариерата на Дајан Китон а и на Вуди Ален бил филмот Annie Hall, напишан од Ален каде што двајцата се главна улога. Овој филм е напишан баш за Дајан Китон од Вуди Ален, напишан е автобиографски за нивната љубовна врска, дури и самото име Ени – така ја викал на галено и Хол – тоа и било оригиналното презиме пред да го смени во Китон.

Дајан Китон за овој филм добила оскар за главна женска улога.
Многу луге што ја познавале ја сметале за една од најсамокритичните личности на светот, па Вуди Ален го искористил тоа и напишал улога за идеализирана верзија од неа со самокритична смисла за хумор – или наједноставно кажано Дајан Китон добила оскар за улога каде што се играла самата себеси.
Дајан Китон и покрај што била ултрапопуларна останала скромна и со чуден вкус на облекување, присебна и условно кажано неинтересна за таблоидите.
И покрај тоа, била моден предвесник за по храбри начини на облекување, за нејзиното залагање против козметички операции а за природна убавина и за оригинални но скромни стилови на облекување и однесување.
Дајан Китон и покрај раскинувањето со Вуди Ален, останале пријатели до крајот на животот, а според него, таа била и е неговата муза на креативноста.
Дајан е како никоја личност на планетата што некогаш сте искусиле, и најверојатно никогаш нема ни да искусите. Нејзината насмевка ја осветлуваше просторијата во која што влегуваше. Дајан Китон е женска верзија на Хаклбери Фин – се зборовите на Вуди Ален, за кого како што тој сам тврди, Китон била единствениот критичар што му бил релевантен, и единствената личност на светот што било кога ја прашал за совет за филм или сценарио.
Филмските улоги на Дајан Китон, како што таа старееше така се менуваа кон посериозни, па најчесто ја гледавме во лесни комедии – нешто што и беше најприродно да го глуми. Имаше и подеми и падови, и многу успешни но и многу неуспешни филмови, но нејзината автентичност и стил секогаш остануваше ист.
Дајан Китон покрај Вуди Ален имала уште неколку холивудски врски и тоа со Ал Пачино за кого што вели дека го имал најубавото лице што некогаш го видела, и со Ворен Бити. И со двајцата била партнерка во филмски проекти.
Никогаш не се омажила, а во 1996 и 2001 посвоила две деца. Дајан Китон според многу реномирани магазини и критичари е окарактеризирана како актерка која што има стил што е невозможно да се копира. Талентот и бил страшен најмногу поради разноврсноста да глуми во тешки драми и во лесни комедии. Неверојатно талентирана, симбол за комедијата но и срамежлива жена со висока самосвест во драмите ја стават многу високо во светот на актерството, а доказ за тоа се бројните награди како БАФТА, златен глобус и најпрестижниот оскар.








