Доколку обожавате чоколадо и кикирики, а сепак сакате да јадете здраво – ова Сникерс смути е вистинскиот избор за вас!
Рецепт за Сникерс смути
Состојки (за една порција):
- 1 замрзната банана
- 1 супена лажица природен путер од кикирики
- 1 лажичка какао во прав (без шеќер)
- 1 урма (за природна сладост)
- 200 мл млеко (или растително млеко: бадемово, овесно, соино)
- Прстофат сол
- Неколку коцки мраз (по желба)
Начин на подготовка:
- Ставете ги сите состојки во блендер.
- Блендирајте додека не добиете мазна, кремаста смеса.
- Послужете во чаша и, ако сакате, украсете со неколку парчиња банана, трошки од темно чоколадо или малку кикирики одозгора.

Бенефити од Сникерс смути
- Дава енергија и ситост: благодарение на бананата и кикириките, ова смути е совршен појадок или ужина што ќе ве држи сити со часови.
- Богато со магнезиум и калиум: овие минерали помагаат во опуштање на мускулите и подобрување на концентрацијата.
- Добри масти за здраво срце: путерот од кикирики е извор на незаситени масти кои ја подобруваат работата на срцето.
- Природно засладено: урмите и бананата даваат сладост без потреба од рафиниран шеќер.
- Антиоксиданс ефект: какаото е богато со антиоксиданси кои го намалуваат оксидативниот стрес и го подобруваат расположението.
За уште побогат вкус, додадете половина лажичка ванила или малку протеин во прав ако сакате пострен смути по тренинг.
Ова Сникерс смути е совршен пример дека здравата храна може да биде и вкусна, и хранлива, и полна со енергија. Почнете го денот со насмевка и чаша здраво задоволство!
Листа на најуникатни музеи на светот
Откријте ги најуникатните музеи на светот каде што се претставени работи за …
Допирот ја намалува болката, депресијата и анксиозноста – истражување на германски експерти
Научното истражување спроведено од експерти од германскиот универзитет во Есен тврди дека …








