slika eva

На само 15 години, битолчанката Ева Дамјановска е единственото девојче кое активно се натпреварува во мотокрос во Македонија. Храбра, одлучна и посветена, таа веќе ја освои публиката и подиумите, докажувајќи дека страста кон моторите нема пол. На последната трка што се одржа во Орман, Ева го освои третото место во категоријата МХ85 и уште еднаш покажа дека упорноста и љубовта кон спортот носат резултати. За нејзините почетоци, тренинзите со брат ѝ и предизвиците на патеката, Ева раскажува во интервју за Читај бе.

570836964 18293168911281604 4052683657330539536 n edited

Читај бе: Ева, најнапред кажи ни нешто за тебе, колку години имаш, и каде учиш…
Ева: Јас сум Ева Дамјановска и денес полнам 15 години. Живеам во Битола и учам во средното медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“, смер очна оптика.

Читај бе: Најпрво честитки за третото место на трката во Орман! Какво беше чувството да се искачиш на подиумот по толку возбудлива трка?
Ева: Ви благодарам за честитките, секоја поддршка многу ми значи. Искрено, ова е мојот најголем подиумски успех, иако мислам дека и самото учество на трките меѓу сите машки како единствено девојче е голем успех за мене.

Читај бе: Кога за првпат седна на мотор и на колку години започна да возиш мотокрос професионално?
Ева: Со овој спорт почнав да се занимавам професионално во 2022 година, на последната трка од годината која се одржа кај нас во Битола, на патеката Смолево – која е и моја омилена патека. Тогаш наполнив 12 години и после една недела ја возев мојата прва трка.

MCsjh3wQ 1

Читај бе: Твојот брат исто така се натпреварува и реди успеси – колкава инспирација е тој за тебе и колку меѓусебно се поддржувате на патеката?
Ева: Искрено, брат ми е и најголемата причина поради која почнав да се занимавам со овој спорт. Гледајќи го него и неговата огромна посветеност кон мотокросот и неговите успеси, сакав да пробам и јас. Знаев дека со него ќе успеам – неговото знаење, искуство и поддршка многу ми помогнаа. Заедно тренираме, и тој не е само брат, туку и тренер и се останато. Возиме различни класи и си помагаме взаемно.

FJY c6hl

Читај бе: Колку натпревари досега имаш извозено и кој од нив ти е најдраг или највозбудлив?
Ева: Досега ги имам извозено сите трки во македонскиот шампионат во мотокрос од 2022 година досега. Најдрага ми е, нормално, последната трка каде што се изборив за подиумско место.

Читај бе: Која патека досега ти била најтешка и зошто?
Ева: Сите патеки си имаат своја тежина, но во овој спорт најмногу влијание имаат временските услови. Тие можат да ја направат било која од стазите многу тешка или добра за возење. Ако врне, има многу кал и е тешко; ако е жешко, патеката е сува и има многу прашина.

0stz 1kL

Читај бе: Каде најчесто тренираш со брат ти и како изгледа еден ваш типичен тренинг ден?
Ева: Најчесто тренираме кај нас во Битола, на стазата МХ Смолево, која ни е домашен терен.Тренинзите на стазата се воглавно возење на цела стаза, на делови од стазата каде што мислиме дека треба да се корегираме, да убрзаме, каде грешиме најчесто да се поправи. Да успееш со секој нареден тренинг, да си побрз од претходниот. Но во овој спорт треба многу тренирање како со мотор така и со константни физички и кондициони вежби надвор од патеката како теретана, точак, трчање.

vJAljoh2

Читај бе: Како реагираат луѓето кога ќе дознаат дека си девојче што вози мотокрос – спорт кој најчесто го врзуваат со момчиња?
Ева: Прво прашање на сите им е: „Не ти е страв?“ или „Машките се посилни!“. „Браво што си собрала храброст да се качиш на мотор и да возиш.“

Читај бе: Колкава концентрација и физичка подготвеност се потребни за време на трката? Како се справуваш со стравот или притисокот пред стартот?
Ева: Овој спорт бара огромна физичка подготвеност и концентрација. Кога ќе се наредиме на рампата за старт, стравот го нема, но притисок има до крајот на трката – особено ако се бориш со некого за повисока позиција.

Читај бе: Кога го чувствуваш најсилниот адреналин – на стартот, на скоковите или кога ја минуваш целната линија?
Ева: Адреналинот го има нон-стоп, затоа и го викаат адреналински спорт. Од почеток до крај на трката е напнато, мораш да ја употребиш сета сила, да се сконцентрираш да нема грешка бидејќи кај нас грешките можат да бидат големи и може да дојде до повреди, сепак е брзина во прашање и две тркала.

MCsjh3wQ

Читај бе: Колку мислиш дека кај нас се вложува во мотокросот и што би сакала да се промени за млади возачи како тебе?
Ева: Искрено, кај нас во државата нема апсолутно никаков слух за овој спорт. Единствените што се вложуваат се нашите родители, кои се максимално посветени. Голема помош имаме и од нашиот клуб „Ендуро Тим Водно“, на кој сме бескрајно благодарни. Јас лично, како единствено девојче во овој спорт, не сум добила ништо. а брат ми е 7 пати шампион на Македонија во неговата класа, два пати е добитник на наградата Златна кацига и исто така не добил ништо. Промени мора да има за да имаме желба за возење и натпреварување и да не задржат во мотокросот.

FB IMG 1761331667671

Читај бе: И за крај – која е твојата најголема желба во иднина кога станува збор за мотокросот?
Ева: Моја желба е да успеам да станам шампион, да покажам и докажам дека во овој спорт нема машки и женски, има само голема љубов, тренирање, дисциплина и упорност кои доведуваат до големи успеси.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…