Македонскиот бенд Модус ја претстави својата најнова музичка приказна – синглот „Џабе бараш утеха“. Видеоспотот е снимен на Сончев брег и носи летна атмосфера која совршено ја доловува емоцијата на песната.
Со модерен звук, силен текст и препознатлива енергија, Модус уште еднаш потврдуваат дека се меѓу најслушаните и најбараните имиња на македонската музичка сцена.
Музиката е дело на бендот, а аранжманот е изработен во соработка со Славко Ристески. Автор на текстот е Огнен Неделковски, додека за режијата и реализацијата на видеото се погрижи Виктор Апостолоски. Во проектот учествуваат и пратечкиот вокал Софија Стојановска, како и Мартина Станчева, која ја има главната артистичка улога во спотот.
Погледнете го новиот спот и препуштете се на свежата летна вибрација!








