Доколку сакате патување полно со нови искуства, живописни пејзажи и автентична култура – а притоа да не го оптоварите буџетот – овие три европски дестинации се вистинскиот избор за вас. Од романтични градови и планински предели, до медитерански плажи и островски рај, ве чекаат доживувања кои ќе останат во вашата меморија долго време.
Северна Италија – есенска бајка
Ова патување ве носи низ најубавите предели на северна Италија. Ќе шетате по уличките на Венеција и Верона, ќе уживате во локалните специјалитети и дегустација на вина, а потоа ќе ја почувствувате алпската идила во подножјето на Јужен Тирол. Врвно доживување е крстарењето по езерото Гарда и панорамскиот поглед од врвот на Монте Балдо. Базата на патувањето е шармантен планински град со поглед кон езерото – идеално место за есенски одмор.

Магијата на Венеција и регионот Венето
За оние кои сакаат повеќе од еден ден во Венеција, регионот Венето открива магија зад секој агол. Освен класичната прошетка до плоштадот Свети Марко, патувањето вклучува и посета на шарените куќички на островот Бурано и познатите стакларници на Мурано. Дополнително, ќе ја откриете Виченца со нејзината уникатна архитектура и универзитетската Падова, каде предавал Галилеј. Сето тоа збогатено со дегустација на прочуениот пенлив пијалак – просеко.

Потполен мир на Малта
Ако копнеете по совршен баланс меѓу одмор и авантура, Малта е вистинската дестинација. Во Валета ќе ги посетите најзначајните историски споменици, а излетите ќе ве однесат до древни храмови постари и од пирамидите, до прочуената Плава пештера, рибарските села и островот Гозо. Кога не истражувате, можете да уживате на приватна хотелска плажа или покрај базените во ресортот.

Без разлика дали ќе ја одберете романтичната Италија, магичната Венеција или сончевата Малта – секоја од овие дестинации нуди уникатна комбинација на култура, релаксација и автентични доживувања по пристапни цени.









