FB IMG 1751096359748

На сцената на Народен театар Битола, вечерва (28 јуни) со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерата на претставата „ЕДМОНД“ од американскиот драмски писател Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски.

Претставата беше најавена на прес-конференција на која креативниот тим и актерската екипа зборуваа за предизвиците и значењето на ова дело.

1000006957 edited

„ЕДМОНД“ го следи падот на главниот лик – Едмонд Бурк, обичен бизнисмен кој, во обид да ја пронајде смислата и возбудата во животот, го напушта својот досаден семеен и професионален живот, и тргнува во спирално патување низ њујоршкото подземје. За само 48 часа, неговото „ослободување“ го води кон кривични дела, затвор и неминовна пресметка со самиот себе.

Во режисерската визија на Оливер Мицевски, „ЕДМОНД“ не нуди директни одговори, туку отвора клучни егзистенцијални прашања: што е слобода, дали е можно да бидеме навистина слободни и зошто современиот човек, и покрај сè што има, сè повеќе тоне во осаменост и очај.

1000006956

„Внимавај што посакуваш“ – е мотото на оваа мрачна, провокативна и длабоко човечка драма, која преку брутален јазик и интензивни сцени ги поттикнува гледачите на длабока рефлексија.

Во претставата настапуваат:

Огнен Дранговски
Валентина Грамосли
Соња Михајлова
Марјан Георгиевски
Ана Грамосли
Борче Ѓаковски
Александар Стефановски
Филип Мирчевски
Викторија Степановска Јанкуловска
Маја Андоновска Илијевски

Прегласниот свет и тивкиот човек
Пишува: Сара Танаскоска Живееме во време кога гласноста се наградува, а тишината …
Пролетен марш на ОВР Крушево
СВР Битола – ОВР Крушево, денеска (04.06.2026) организираше пролетен марш на подрачјето …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…