На Велики Петок во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ Битола се отслужија Царски часови, Вечерна и изнесување на Светата Плаштаница.

Голем број верници дојдоа во храмот каде се поклонија пред Христовото Распетие, принесуваа црвено јајце, а за возврат добиваа цвеќе за здравје.

На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос, со тоа што платното наречено „Плаштаница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб.

Поминувањето под Плаштаницата ја симболизира смртта и воскреснувањето на Христос. Се смета дека оној кој минува под неа влегува како грешник, а излегува како нов човек, прочистен од старите гревови.








Жалфија – природен лек за грло, мозок и дигестија
Жалфијата (Salvia officinalis) со векови важи за света и лековита билка. Нејзиното …
Меѓу камен, фрески и векови: приказна за Водочки и Вељушки манастир
Водочки манастир – Манастир на тишината и древните фрески Водочкиот манастир, посветен …








