biblioteka za nas

Овој значаен јубилеј е сведоштво за осум децении посветеност на културата, знаењето и љубовта кон книгата. На свечената програма, присутните имаа можност да го слушнат инспиративното обраќање на м-р Емилија Стефановска Давкова, директорка на Библиотеката.

biblioteka 01

Настанот беше збогатен со прекрасно подготвено видео од учениците на Средното економско училиште „Јане Сандански“ – Битола, под менторство на професорката Христина Захариевска, што уште еднаш ја потврди успешната соработка меѓу библиотеката и образовните институции. Во знак на благодарност за нивниот труд, беа доделени признанија на учениците, професорката Христина Захариевска и директорката Билјана Јанкуловска.

biblioteka za nas

Честитки за добитниците на признанието „Читател на годината 2024“! Со особена чест ги објавивме имињата на најпосветените читатели во различни категории: Предучилишна категорија: Емил Стојаноски, Димитра Ѓеоргиева, Тамара Додовска Основно образование: Никола Ицоски, Огнен Никодиноски, Марија Јоновска Средно образование: Теодора Шопеска, Јована Јанева, Мартина Мојсовска Возрасни читатели: Жанета Тошеска, Емилија Дурлова, Марија Видановиќ Пензионери: Розитка Тодоровска, Славица Митковска, Мирјана Давкова Со ова признание ја изразуваме нашата благодарност за нивната љубов кон книгата и континуираната поддршка на библиотеката!

Честитки и за добитниците на наградата „Роднокраен автор за 2024 година“! Награда за животно дело: Петре Димовски Поезија: Зоран Пејковски Проза: Елизабета Јончиќ Перото на библиотекарството: Илче Стојановски. Награди за најдобри библиотечни приказни Во рамки на проектот „Библиотеката во фокус: филмови, приказни и искуства од заедницата“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, нашите читатели ги споделија своите библиотечни приказни преку социјалните мрежи. Најуспешните приказни беа наградени, а добитници се: • Софија Ѓакова • Николче Вишиноски • Ема Христова • Иво Котевски • Белинда Сипкоска Гаштарова • Марина Димковска Ангелевска Ова признание е симбол на нашата почит кон нивното творештво, кое го збогатува културниот мозаик на заедницата.

biblioteka 05

Посебна благодарност упатуваме и кон поранешните вработени, чиј труд остави траен печат во развојот на библиотеката. Со овој настан, уште еднаш потврдуваме дека Библиотеката останува место каде што книгите живеат, каде што се создаваат приказни и каде што љубовта кон читањето ги обединува генерациите. Ви благодариме што сте дел од нашето патување! Нека книгата продолжи да биде ваша инспирација, водилка и верен пријател!

Живеј за оние на кои им требаш, подалеку од оние кои те сметаат за помалку вреден
Зошто се грижиш да го разубавиш твојот лик пред очите на оние …
Како да ги научиме децата да сакаат да читаат
Докажано е дека децата кои редовно читаат добиваат подобри оценки и затоа …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…