viber image 2023 12 28 09 12 58 753

Ентони де Мело низ хумор, сочувство и разбирање им помага на читателите да ја осознаат важноста на „будењето“, за да се спознаат себеси и светот околу себе.

viber image 2023 12 28 09 12 40 541
  1. Првото што треба да го разберете, ако навистина сакате да се рабудите, е дека не сакате да се разбудите. Првиот чекор кон будењето е да бидете доволно искрени за да си признаете дека не ви се допаѓа.
  2. Будењето е навистина тешко кога сте под хипноза, убедени сте дека едно безвредно книже е чек од милон долари. Колку ли е тешко да се одделите од тоа безвредно книже.
  3. Треба да ги „прифатите“ своите демони, бидејќи кога се борите со нив, им давате моќ. Зарем досега никој не ви го кажал ова? Кога се одрекувате од нешто, врзани сте за него. Единствениот излез од оваа ситуација е да го согледате вистински. Разберете ја неговата вредност и не ќе морате да се откажувате од него: самото ќе ви падне од раце.
  4. Да речеме дека храните петстотини деца на ден, Дали тоа ви предизвикува лошо чувство? Па сигурно нема да ви предизвика лошо чувство. Но, има луѓе што прават работи за да не се чувствуваат лошо. И тоа го нарекуваат милосрдие. Тоа што го прават, поради чувството на вина. Тоа не е љубов. Но фала Богу, кога правите нешто за другите, тоа ви претставува задоволство. Одлично! Вие сте здрава личност, затоа што се водите од личниот интерес. Тоа е здраво.
  5. Не се плашиме од непознатото. Не можеме да се плашиме од нешто што не ни е познато. Никој не се плаши од непознатото. Ние всушност се плашиме дека ќе го изгубиме познатото. Тоа е нашиот страв.
  6. Проблемот кај луѓето е тоа што се преоптоварени со поправање на нешта што воопшто не ги разбираат. Секогаш поправаме нешто, нели? Воопшто не ни паѓа на памет дека работите не треба да се поправаат. Навистина не треба. Тоа е вистинско просветлување. Треба да се сфатат. Кога би ги сфатиле, тие ќе се сменат.
  7. Толку сме заслепени од сѐ, што не сме ја откриле основната вистина дека приврзувањата ѝ штетат на врската наместо да ѝ помогнат. Се сеќавам колку бев исплашен да му кажам на својот близок пријател: „Навистина не ми си потребен. Можам да бидам совршено среќен без тебе. А со тоа што ќе ти го кажам ова, гледам дека можам целосно да уживам во твоето друштво – повеќе нема неспокој, нема љубомора, нема посесивност, нема приврзување. Задоволство ми е да бидам со тебе кога уживам во твоето друштво без да се привразуваме. Слободен си ти, слободен сум и јас.
viber image 2023 12 28 09 12 45 251
Интернационален успех на Тамара Грујеска – музички амбасадор на Македонија
Четиринаесетгодишната Тамара Грујеска од Гостивар, полуматурантка и веќе афирмирано име на детската …
meblo trejd cesmi во crni

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…