Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола” од Битола синоќа прослави 40 години постоење. Традиционално роденденската забава се организира пред роденденот на легендата на боречките вештини и спортови Брус Ли [ 27 Ноември 1940 – 20 Јули 1973 ].
Кунг Фу Клубот „Битола” од Битола чиј основач беше таткото на Кик Боксот и низа боречки спортови и вештини во Македонија – големиот учител Златко Неделковски [ 1960 – 2О20 ] прво започна со дејност како секција при тогашниот карате клуб во Битола за потоа да се регистрира во посебен спортски клуб.
КФК „Битола” од Битола низ годините е и еден од основачите на Сојуз на спотови на Општина Битола а и матичен клуб преку кој пред 31 година – само неколку месеци по независноста на Македонија се формира и првиот Кунг Фу – Фул Контакт Сојуз на Македонија [ период кога Кик Боксот го носи насловот Фул Контакт ] a веќе следната 1992 година пред 30 години со тогаш 15 клубови го реализира и првото Државно првенство во Кик Бокс на Македонија за веднаш потоа да следат и 1993 и 1994 кога како прв претставник во WAKO за Македонија Златко Неделковски ги води првите македонски репрезентативци на Европско и Светско првенство во Кик Бокс.
Од 2000 година клубот се ребрендира и е повеќе познат под насловот „ЗА НЕД ДО” што е кратенка од Златко Неделковски Доџо [ Доџо е јапонски израз за почеток на нешто а се користи во спортот и како заменска терминологија за школа за боречки вештини и спортови ].
Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО” во 20 години на Битола и Македонија и донесе над 1.000 титули од рангот на Балкански – Европски и Светски шампионати, а самиот Златко Неделковски е почесен или официјален Претседател за Македонија во сите светски организации за боречки вештини и спортови.
Последната титула која ја носи Златко Неделковски е Претседател на Светскиот Совет за боречки вештини и спортови за Балканот со која позиција географски беше претставник за 14 држави.
Златко Неделковски прерано почина во 2О20 година на 1 Ноември по што на иницијатива на семејството академијата го носи неговото име „Златко Неделковски” академија за боречки вештини и спортови од Битола во која главен тренер е неговата ќерка Дијана Неделковска – носител на титула мајстор за боречки вештини VI дан и воедно трократен светски шампион во екстремна самоодбрана.
По прекин од 2 години поради смртта на Неделковски и Пандемијата „ЗА НЕД ДО” синоќа го прослави својот 40 роденден со што потврди дека е најголемата Кик Бокс академија во Македонија и пошироко.