Овогодишната гитарска програма на ЕГЗИТ (Exit) фестивал влезе во финалната фаза со објавувањето на новите изведувачи. На претходно најавените, хедлајнерот Ник Кејв и неговите „Бед Сидс“ и силните имиња како што се „Сепултура“, „Напалм Дет“, „Молчат Дома“, Марки Рамон и „Блајнд Ченел“ им се придружуваат уште 11 нови бендови, кои ги предводат неуништливите панк легенди „Експлоитед“. Гитарскиот звук отсекогаш бил еден од најомилените на Петроварадинската тврдина, со епски настапи на музичките великани како што се „Кјур“, „Килерс“, „Секс Пистолс“ или „Ганс енд роузес“. „Рок ет Егзит“ (Rock @ Exit), таа гласна и дисторзирана страна на фестивалот, ќе одекнува и ова лето, од 7 до 10 јули на Главна бина, на „Фјужн“ и во епицентарот на жестокиот звук на тврдината – „Експлозив“ бината.

„Експлозив“ во длабоките ровови на Тврдината и ова лето ќе ги дочека сите љубители на хардкор, метал и панк музиката, со скоро 30 музички имиња. На чело на програмата на култната екстремна бина се наоѓаат исто така култните шкотски панкери „Ди Експлоитед“ (The Exploited). Од нивниот првенец „Punk’s Not Dead“ и вториот албум „Troops of Tomorrow“, кои денеска се сметаат за панк класици, поминаа точно 40 години, а жестоките ветерани се спремни уште еднаш да згрмат од Тврдината! Овие легенди, кои и понатаму непоколебливо владеат на сцената, во изминатите децении музички влијаеја на голем број бендови, меѓу кои се „Металика“, „Слејер“, „Антракс“, „Нирвана“, „Квинс ов д Стоун Ејџ“, но и „Дисчарџ“, кој оваа година исто така ќе настапи на „Експлозив“! Творештвото на „Експлоитед“ покрива различни поджанрови од панк-рок и треш-метал до хардкор и стрит-панк и важат за еден од најзначајните бендови во изминатите четири децении.

Подеднакво гласни ќе бидат и десетте нови имиња од екстремната бина на Егзит: „Краун Корт“, „Ламори“, „Бохемист“, „Смрт разума“, „Шанк“, „Вокс Попули“, „Чеин култ“, „Хексис“ и „Вор Енџин“. Со тоа програмата на оваа бина стигнува до скоро 30 имиња, со претходно објавените „Бури Тумороу“, „Дисчарџ“, „Инкантејшн“, „Москоу дет бригад“, „Нервоса“, „Танкард“, „Архитект оф пеин“, „Блек Тутх“, „Чеинс“, „Хереси“, „Мадвро“, „Мискондукт“, „Ноктифериа“, „Оатхбрингер“, „Прогон“, „Шајнинг“, „Стреинџер“, „Терминал Проспект“ и „Андертонс“.
Гитарскиот звук на Главната бина ќе го предводи единствениот Ник Кејв (Nick Cave) со својот бенд „Бед Сидс“ (The Bad Seeds), а за пожестоките фреквенции ќе бидат задолжени имињата кои ја обележаа историјата на метал музиката и денешната хардкор, њу-вејв и пост-панк сцена – култната бразилска „Сепултура“ (Sepultura), легендарната четворка од Бирмингем „Напалм Дет“ (Napalm Death) и белорускиот состав „Молчат Дома“.

Новото име на „Фјужн“ бината се „Деца лоших музичара“, скратено ДЛМ, белградската група оформена во 1988 година која ќе донесе фанк-рок спој. Тие на оваа бина се во одлично друштво на чие чело е добитникот на Греми наградата за животно дело и живата икона на панкот Марки Рамон, со финскиот „Блајнд Ченел“, водечкиот пост-панк дарк-вејв бенд „Ши паст авеј“, еден од концертно најактивните и најатрактивните бендови од регионов – панк-фолк бендот „Бркови“, култните и повторно собрани панкери од Ријека „Параф“, потоа „Прти Бе Ге“, „Визељ“, „Коач Парти“ и Сана Гариќ.

ЕГЗИТ фестивалот ќе биде одржан на Петроварадинската тврдина од 7 до 10 јули, со потврдените големи музички имиња, како што се Калвин Харис, Ник Кејв, Иги Азалеа, Афроџек, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Џоел Кори, Џекс Џонс, Алок, Борис Брејча, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Денис Султа и многу други, а пристигнуваат и објави на нови изведувачи!

Започна и најпопуларната акција на ЕГЗИТ, „Купи 4, зграби 5“! За четири купени четиридневни влезници за фестивалот, петта се добива на поддарок. Акцијата ќе трае до истек на ограничените количини. Влезниците во Македонија можат да се купат преку www.mktickets.mk .

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…