valentin alacki

Во новото издание на „Нешто конкретно” зборуваме за машко-женска комуникација, односно зошто различно толкуваме и слушаме, зошто постои тоа тешко разбирање меѓу двата пола?

Гости ни се Давид Темелков, Андријана Алачки, Валентин Николовски и Бојан Кордалов.

viber image 2024 03 11 12 34 10 104 edited

Со оглед на тоа дека неодамна беше празникот Свети Валентин, не издржавме да не го прашаме нашиот гостин Тино како се чувствува тој ден опкружен со сите оние мемиња што се креираат во врска со него и Трифун Костовски. На почеток се пошегува и рече дека не би сакал да зборува за тоа плашејќи се дека следната година ќе се засилат уште повеќе, но потоа искоментира дека тој ден го преспива за да не ги гледа сите оние монтажи со кој народот се забавува.

david

Давид Темелков кој што живее во Хрватска и се ожени таму, на прашањето на кој јазик се расправа со својата сопруга рече дека кога ќе почнел на македонски тоа значи дека сите граници се поминати. 

alacki

Андријана Алачки, пак, смета дека мирот во куќата се постигнува кога има тенџере на шпоретот.

bojan

Комуникологот Бојан Кордалов на прашањето кога потешко се разбира жена кога е во ПМС или во климакс, тој одговори:  „Најтешко се разбира кога ќе добиеш реченица од типот – ти си знаеш”. 

valentin sitel

Валентин Николовски и Андријана Алачки одиграа мала претстава во која тие ги имаат улогите на лут маж што молчи и жена што се обидува да дознае зошто тој молчи. Па погледнете како комуникологот Кордалов ја оцени нивната изработена задача.

Дознајте и што е помоќно дали да кажеш извини или благодарам, како гласи повикот на кавга и што значи комуникацијата со очи.

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата  Нешто конкретно

„Нешто конкретно” се емитува секоја недела во 17.00 часот на Телма.

meblo trejd cizmi
Доверба: Бесценет подарок кој често се зема здраво за готово
Довербата е една од највредните основи на секоја врска, било да е …
Најдобрите скијачки дестинации на Балканот за совршен зимски одмор
Балканскиот полуостров е богат со планини, што го прави одлична дестинација за …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…