smartphone 2568602 1280

Дали се сеќавате кога последен пат сте се смееле од срце или сте направиле нешто за себе, нешто кое ве исполнило со живот: Дали имате време за себе? Дали имате хоби  во кое уживате? Ако одговорот е да, тогаш спаѓате во групата на исполнети и среќни луѓе, но ако одговорот е не, тогаш нешто треба да промените.

Во овој модерен свет, човекот е заробен меѓу бетонираното сивило, амбициите кои имаат тенденција да развијат канцерогеност и некако се провлекува дека е во тренд човек да е уморен, ако не е уморен – тој ништо не прави.

Секој организам има различна потреба од сон. Сонот е битен за виталното здравје на мозокот , а мозокот е орган за преживување, така што, ако се грижиме за состојбата на компјутерот или телефонот – секогаш да имаат  доволно батерија за да ни бидат во функција, тогаш  100% повеќе  треба да се грижиме за состојбата на нашето мозок и тело – за да ни биде во функција.

Има некои основни симптоми кои покажуват дека недоволно се грижите за себе, а ако не се грижите вие за себе, тоа за вас никој не може да го стори.

Наутро се будите уморни – спиењето е најдобар начин за опуштање , помага во закрепнување и зајакнување на менталните способности, го ресетира мозокот, за да можеме да продолжиме  да живееме и работиме активно и понатаму. Доколку се будите уморни – размислете за одмор или променете ја околината.

Посакувате промена –  главна состојка на животот е промената.  Ако постојано сонувате за поинаков живот, дефинитивно не сте на местото каде што би требало да бидете. Ви треба одмор и промена.

Несоницата е симптом на умор.

Чувствувате болка во главата, зглобовите, мускулите, иако  имате посетено доктор сепак ви нема поставено дијагноза. Духовната исцрпеност ви се манифестира врз вашето тело. Ви треба одмор – релаксација.

Често си ги поставувате прашањата: Зошто живеам? Зошто не постои среќата? Која е смислата на животот? Во светов се чувствувате како странец и сте навикнале да се фокусирате на проблемите – нормално е да се чувствувате исцрпено.

Не чувствувате радост –  доживувате страв, апатија, срам, имате чувство на вина, овие се чувства кои  ја црпат животната енергија. Му дозволувате на минатото да раководи со вас, не можете да го пуштите – ве исцрпува.

Што може да ви помогне?

Позитивни афирмации, замислувате убави случувања, медитација, молитва, колку што ви дозволуваат животните околности бидете физички активни, одвојте време за себе и правете го она што ве исполнува.

Ако  за некој или нешто го жртвувате вашиот личен мир – убаво пресметајте дали вреди да се направи таа огромна жртва.

Раскажи ми приказна: Црвениот фустан
Госпоѓица Хана стоеше на средината од театарската сцена. Го изнесуваше својот говор …
„Визуелни елоквенции” – нова поетска книга на Лили Бошевска во издание на „Матица македонска”
Книгоиздавателството „Матица македонска" ја објави новата поетска книга на Лили Бошевска, „Визуелни …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…