Не чекајте среќата да ве најде. Немојте да бидете само нем набљудувач на вашиот живот. Поставете си цели и смисла на вашето постоење. Не трошете ги залудно бесценетите минути од вашиот еден и единствен живот. Уживајте во моментите…Некои денови ќе бидат благослов, а некои полни со неправда. Некои за паметење, некои за заборавање. Не правете работи кои не ги сакате, животот е краток за да се каете. И да, не мора да се прилагодите на околината. Не се плашете да станете оние кои први ќе ја изгазат патеката. Надминете го стравот, исполнете се со смиреност. „Единственото нешто од кое треба да се плашиме е самиот страв“, рекол Френклин Рузвелт.

Затоа застанете за секунда. Опкружете се само со луѓе кои не ви предизвикуваат непријатни чувства. Пред кои не треба да глумите дека сте некој друг. И фокусирајте се на вашиот и само ВАШ живот. Така ќе влијаете и на другите. Среќата е заразна, но само за оние со чисто и отворено срце.

„Работиш 8 часа за да живееш 4.
Работиш 6 дена за да уживате во еден.
Работиш 8 часа за да јадете во 15 минути.
Работиш 8 часа за 5 часа сон.
Работиш цела година само за да земеш една или две недели одмор.
Цел живот работиш за да се пензионираш на старост.
И размислуваш само за твоите последни воздишки.
На крајот ќе сфатиш дека животот не е ништо друго освен пародија на самите себе како го практикувате сопствениот заборав.
Толку се навикнавме на материјалното и социјалното ропство што повеќе не ги гледаме синџирите.“

Животот е кратко патување, живеј го!
meblo trejd aparati
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…