woman g87aaf5e98 1280

Многу мажи се љубители на мачки, но љубовта меѓу мачките и жените е почеста и обострана – мачките се посклони (и машки и женски) да им ја дадат својата доверба на жените, а жените почесто ги избираат мачките за домашно милениче.

Научниците го проучувале овој феномен и забележале некои причини за оваа меѓусебна приврзаност:

Жените имаат попријатна фреквенција на гласот

Мачките се многу чувствителни на звуци, тие се многу комуникативни и често многу гласни и експресивни – тие реагираат кога им се обраќаат, а жените имаат тенденција да им се обраќаат и да разговараат со нив. Во исто време, гласот на жената е помек и попријатен за уво, на што мачките (како и децата) убаво реагираат.

cat g6eb8d07dc 640

Нежен допир

Женската рака е она што мачките го ценат (како и мажите). Женскиот допир е понежен и повнимателен, а мачките сакаат да се галат – но не поднесуваат мака.

Мајчинска склоност

Женките се погрижливи, бидејќи се генетски предодредени да се грижат за младенчињата, а мачките се за нивните сопственици како што се мачињата за мајките-мачки.

young woman g21dc2b344 640

Слични по карактер

Мачките не ги почитуваат наредбите и тешко се тренираат, ја ценат својата слобода и приватност и се самодоволни. По овие особини се одликуваат и жените, колку и да ги кријат со питома и семеен начин на живот.

Мачките одлично се грижат за своите млади, тие се чисти, агилни, грациозни и – убави. А тоа се и комплименти кои искрено можат да и се упатат на речиси секоја жена.

portrait gf2db74f8e 640

Жените се попосветени

И тоа е најважната причина – жените имаат интензивна емоционална интеракција со светот околу нив, негуваат длабоки врски на приврзаност, добро набљудуваат и сочувствуваат, несебично посветуваат внимание и вложуваат повеќе време и енергија во развивањето на тие врски.

Мачките го препознаваат ова и реагираат. Тие ја враќаат љубовта што им е дадена и секој сопственик на мачка ќе го потврди тоа без двоумење.

За најтешките моменти во животот…
Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…