Со настапот на „Tsampazis Makis“ дуо бузуки бенд од соседен Лерин и презентација „Регионална храна, музика и уметност“ во кафе бар Радост, вечерта на 27.07 среда, се затвори 10-тото издание на ФЕСТИВАЛОТ ЗА ЛИТЕРАТУРА И АУДИО ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ „300 РАБОТИ, ТРИСТА“.

meblo trejd alati

„На голема радост можеме да истакнеме дека за овие 10 години успеавме да иградиме еден препознатлив естетски континуитет, во фестивалот настаните како издавање на зборник, прераснуваат во традиција. Во зборникот земаат учество автори кои учетвувале уште од првиот зборник, односн „КОЛЕГИУМСКИ ЗАПИСНИК 001“, но има и такви кои дебитираат во ова издание и со тоа го прават фестивалот побогат со нов авторски потенцијал. Во зборникот низ изданијата биле застапени автори од САД, Чешка, Индија, Кина, Србија, Естонија, Косово, Албанија, Франција и други. Низ изминатите години настапувале музички бендови или музичари од Италија, Франција, Грција, но оваа година оотварањето беше со два локални малади бендови, односно бендот Corrosion и бендот Sound Waves и двата од Битола. Секоја година фестивалот носи одредено мото или тема, за оваа година тоа е темата: „КОМУНИКАЦИИ“. Таа произлегува од спетот на авторските трудови во зборникот, музичките натапи, уметничките поставки, ошестевените околности и целосниот визуелен идентитет на овогодинечниот фестивал, за кој се погрижи Илија Талев. Негови графики и илустрации се искористени на кориците на зборникот, плакатата и логото за овогодинешното издание. Околностите ни налагаат, на нас уметниците да се осврнеме кон себе и ближниот и да воспоставиме мостови на комуникации преку кои непречено ќе се движе естетската мисла. Едниствено нешто што не е подложно на сакции, блокади, рестрикции или било какви гушења е „МИСЛАТА“. Искрено се надеваме дека со ова издание потикнавме позитивна и естетски издржана „МИСЛА“ кај секој еден посетител, автор или изведувач на годинешното издание на „300 работи, Триста““, вечо организаторот на фестивалот, Игор Трајковски Фоја.

Целиот фестивал, се одвиваше во ОФ Програмата на Бит Фест 2022, и под покровителсво на Општина Битола. Покрај организаторот Игор Трајковски Фоја, оваа година, еден од фестивалските денови беше во коорганизација со здружението ЛАТРАЛ – Битола финансиран од Министерството за Култура.

meblo trejd za gradina косацки

    Со ликовна изложба започна одбележувањето 65 години МНД – Битола
    Македонското научно друштво – Битола на 23 април 2025 година го започна …
    Јачменот хранлива житарка богата со растителни влакна – клуч за добро варење
    Една од најзначајните здравствени придобивки на јачменот е неговата висока содржина на …

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

    Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…