old man 2803645 1280

Ги броев годините и открив дека имам помалку време за живот отколку што сум живеел.

Се чувствувам како дете кое освои кутија бонбони: првите ги јаде со задоволство, но кога ќе сфати дека останале само неколку, навистина почнува да ужива во нив.

Немам време за бескрајни конференции за да дискутирам за статути, правила, процедури и внатрешни прописи, знаејќи дека ништо нема да се постигне.

Веќе немам време да трпам апсурдни луѓе, кои без разлика на нивната возраст, уште не пораснале.

Немам повеќе време да се борам со просечноста.

Не сакам да бидам на состаноци на кои маршираат надуени ега.

Не толерирам манипулатори и опортунисти.

Ми пречат завидливите луѓе кои се обидуваат да ги дискредитираат поспособните да ги зграпчат нивните позиции, таленти и достигнувања.

Моето време е прекратко за да разговарам за наслови. Го сакам најпотребно затоа што на мојата душата ѝ се брза, без многу слатки во пакувањето.

Сакам да живеам со луѓе кои се многу човечки.

Луѓе кои можат да се смеат на своите грешки, кои не го замислуваат нивниот успех.

Кои не се чувствуваат повикани пред време и кои не бегаат од својата одговорност.

Кои го бранат човечкото достоинство и кои сакаат само да одат покрај вистината и праведноста.

Тоа е она што го прави животот вреден за живеење.

Сакам да се опкружам со луѓе кои знаат да допрат до срцата на другите.

Луѓе кои научија преку тешките удари на животот да растат преку нежни допири на душата.

Да, брзам, брзам да живеам со интензитетот што може да го даде само зрелоста.

Се трудам да не трошам ништо од бонбоните што ми останаа.

Сигурен сум дека ќе бидат повкусни од оние што веќе ги јадев.

Целта ми е да стигнам до крајот задоволно, во мир со себе, со моите најблиски и со мојата совест.

Имаме два животи, а вториот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден.

Рикардо Годим
бразилски теолог

Листа на најуникатни музеи на светот
Откријте ги најуникатните музеи на светот каде што се претставени работи за …
Допирот ја намалува болката, депресијата и анксиозноста – истражување на германски експерти
Научното истражување спроведено од експерти од германскиот универзитет во Есен тврди дека …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…