lent g9f90db3c2 640

…Кога ќе размислам за неочекуваната промена до која дојде, кога ќе се потсетам на вчерашната врева, тогаш ми станува јасна силата на постот кој, влегувајќи во совеста на секој од нас, ги измени нашите мисли, го исчисти умот, кај сите луѓе, без разлика на чинот, не само кај машките, туку и кај жените, богатите и сиромашните.

SVETI JOVAN ZLATOUST

Тој пост ја променил дури и совеста на облечениот во дијадема, како и совеста на оние што му се послушни. Денес веќе не се разликуваат трпезите на сиромавиот и богатиот; кај сите е подготвена обична храна, без оглед на барањата и можностите; на обичната трпеза сега ѝ се пристапува со поголемо одушевување отколку порано кога беше поставена изобилно разновидна храна и вино.

lent g9f90db3c2 640

Велиш дека постиш. Докажи ми преку своите дела.

А кои се тие дела?

Ако видиш сиромашен, дај му милостина.

Ако се сретнеш со своите непријатели, смири се со нив.

Ако на улица видиш некое убаво лице, сврти го својот поглед од него.

Значи, да не постиш само со стомакот, туку и со очите и слухот и рацете и нозете, и сите делови на телото.

Рацете нека постат воздржувајќи се од секоја алчност и кражба.

Нозете нека постат така што нема да одат по патиштата на гревот.

Очите нека постат така што нема страсно да гледаат во убавите лица ниту да гледаат со завист на богатството на другите луѓе.

Велиш дека не јадеш месо, но внимавај страсно да не го голташ со очите она што го гледаш околу себе.

Пости и со слухот не слушајќи оговарања и интриги.

Со својата уста и јазик пости и воздржувај се од лошите зборови и шеги.

Каква ни е ползата ако не јадеме месо и риба, а ги јадеме своите ближни.

Свети Јован Златоуст

meblo trejd alati2
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…