Студенти од Техничкиот факултет од Битола, отсек Сообраќај и транспорт учествуваа на дебата на тема „Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“, што се одржа во Делегацијата на ЕУ во Скопје. Нив ги предводеше проф. д-р Верица Данчевска. Темата на оваа дебата беше „Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“. 

Студенти, експерти од областа, претставници на Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“ ги споделија своите искуства, знаења, но и перспективи како во нашата земја да стигнеме до поодржлив транспорт.

Да се покрене свеста за нашата околина, повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, да се подобри патната инфраструктура, како и јавниот транспорт за да се намали загадувањето, но и да се воведат поригорозни правила за увоз на стари возила, ова се дел од заклучоците на дебатата. 

debata grupna5

– Ако имаме подобри патишта, ќе добиеме побрз транспорт, помалку штетни емисии, ќе се намали времето на патување, а тоа се реални придобивки. Во секое домаќинство имаме премногу возила, колку членови – толку возила. Апелираме да се намали нивниот број. Мораме да почнеме со тоа што го имаме и што е реално да се прави. Треба да се оди чекор по чекор, да се едуцираме да знаеме што се придобивките од одржлив транспорт. Ние сите упорно користиме автомобили, правиме сообраќаен метеж и кога не треба – велат студентите и експертите на дебатата.

debata bitola

Многу е важно да се постават построги правила за увоз на стари автомобили и старосната година да биде повисока – потенцира проф. д-р Верица Данчевска.

– Кога се работи за знаење, во нашата држава немаме проблем со тоа. Имаме голем капацитет на научници и професори, но нашиот проблем е политизацијата од сите аспекти, во сите сфери. Се прави национална стратегија, една власт за четири години сака резултати и потоа доаѓа до промена на власта и некои проекти одеднаш не важат, а тоа не смее да се случува. Ние дозволивме увоз на многу стари возила од странство, а тоа е голем проблем – вели Данчевска.

debata prof. danevska2

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…