woman 2346305 1280

Несреќните луѓе јадат премногу, среќните не јадат многу. Колку е човек посреќен, толку е помалку поврзан за храната, бидејќи има подобра храна – љубовта. Љубовта е храна на високо ниво. Ако храната е храна за телото, тогаш љубовта е храна за душата.

Љубовта и храната се тесно поврзани. Кога се чувствувате сакано, не јадете премногу. Ако жената е сакана, останува витка, слаба и убава. Ако не е сакана, почнува премногу да јаде и се здебелува  или обратно.

french fries 1851143 1280

Сте забележале кога во вашата куќа доаѓа вашата сакана личност, пријатели или личности кои ги сакате, вие сте среќни и полни со љубов така што апетитот ви се намалува. Не ви се јаде – како да сте исполнети со нешто посуптилно од храна, нешто посуптилно се создало во вас и празнината ја снемало. Исполнети сте и се чувствувате задоволно.

cake 1746435 1280

Кога и да чувствувате дека ви недостига љубов, почнувате да го полните вашето тело со храна – таа станува замена. Кога луѓето се чувствуваат празно и го немаат љубовното возбудување и енергијата ослободена од љубовта, почнуваат да го полнат своето тело со храна. Се враќаат во детска фаза и назадуваат.

Децата на кои им се дава доволно љубов, немаат голема стрвност кон храната. Нивниот дух е задоволен. Кога е повисокото достапно, кој ќе се грижи за пониското?

Запомнете дека сите светски религии со причина говорат за постот. Постот овозможува фантастична прилика за молитва. Не говориме во контекс да постите, да почнете да се самоизмачувате. Но, доколку сте зависни од храна, тогаш постот е лек.

Ако сте јаделе премногу, тогаш морате да воспоставите рамнотежа. Јадејќи премногу, останувате премногу врзани за физичкото… и не можете да ја почувствувате духовната глад. Премногу сте оптеретени и малку пост би ви помогнал.

stomach 3532098 1280

За време на постот, луѓето имаат забележано дека нивната молитва станува многу лесна и едноставна, и не им е повеќе проблем да се помолат. Затоа што кога не сте премногу оптеретени со храна и телесни работи, душата е бестежинска, може да лета и добива крила во небуквална смисла.

meblo trejd cestitka
Не морате баш на сите да им се допаѓате – не трудете се да се вклопите секаде и со секого
Потребата постојано да сме во потрага по потврда од другите за она …
Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…