Верувањата што детето ги стекнува за себе, за другите и за светот околу него се клучен фактор кој одредува како ќе изгледа детската реалност еден ден, колку детето ќе биде успешно, задоволно и здраво. Во оваа смисла, доаѓаме до поимот „свесно“ родителство. Свесниот родител ги разбира принципите на свесното родителство и емоционалните развојни фази кои мора да се исполнат во различни периоди од детството. Еве ги принципите.

family gbb3709c55 1280
  • Свесните родители ја исполнуваат потребата на своето дете за физички контакт (држење, носење, гушкање итн.). Не се плашат дека така ќе го „разгалат“ детето.
  • Свесните родители го прифаќаат целиот опсег на емоции и сведочат на изразување на сите емоции на нивното дете без осуда. Тие се свесни дека не можат да ја спречат целата тага, гнев или фрустрација и не се обидуваат да го спречат своето дете да ги ослободи болните емоции со плачење или изливи на гнев.
  • Свесните родители му обезбедуваат на детето стимулација соодветна на возраста и му веруваат дека учи со свое темпо и на свој начин. Тие не се обидуваат да го избрзуваат детето да влезе во следната фаза на развој што е можно поскоро.
  • Свесните родители ги охрабруваат своите деца да учат нови вештини, но тие не го оценуваат успехот на детето ниту со критика, ниту со оценување.
  • Свесните родители одвојуваат време секој ден да му посветат целосно внимание на своето дете. За време на тоа посебно, квалитетно време, тие набљудуваат, слушаат, реагираат и му се придружуваат на детето во играта (ако е покането), но не ја насочуваат активноста на детето.
  • Свесните родители го штитат своето дете од опасност, но не се трудат да ги спречат сите детски грешки, проблеми и конфликти.
  • Свесните родители го поттикнуваат детето самостојно да ги решава проблемите и му помагаат само кога е потребно. Тие не ги решаваат проблемите на детето наместо него.
  • Свесните родители поставуваат разумни граници, нежно го водат детето кон прифатливо однесување и ги земаат предвид потребите на сите вклучени во решавањето на конфликтот. Тие не се обидуваат да ги контролираат децата со поткуп, награди, закани или каков било вид казнување.
  • Свесните родители се грижат за себе и се искрени кога се во прашање нивните потреби и чувства. Тие не се жртвуваат до степен да станат огорчени.
  • Свесните родители се трудат да бидат свесни за начините на кои нивната болка од детството влијае на нивната способност да бидат добри родители и свесно се стремат да избегнат да ги пренесат сопствените рани на своите деца.
meblo trejd skali

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…