starec 1

Треба да се запрашаме, дали се чувствуваме среќни кога некого понижуваме или кога некого усреќуваме? Гордоста го затвора срцето и умот, а тогаш светот го гледаме низ призмата на тоа кој е посилен и помоќен.

Прочитајте ја прикaзната:

Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?”
Стариот продавач и одговорил: „8 денари јајце, госпоѓо“.
Таа му рече: „Ќе земам 10 јајца за 60 денари или ќе заминам”.

Стариот продавач одговорил: „Земете ги по цената што ја сакате. Можеби ова е добар почеток, бидејќи денес се уште не сум продал ниту едно јајце“.

Таа ги зеде јајцата и си замина со чувството дека победила. Влезе во нејзиниот скап автомобил и отиде во еден убав ресторан со нејзиниот сопруг. Таму таа и нејзиниот сопруг нарачаа што им душа посака. Од нарачаното изедоа дел, додека поголем дел оставија. Потоа отидоа да ја платат сметката. Нивната сметка беше 1400 денари. Таа остави 1500 денари и му порача на сопственикот на ресторанот да го задржи кусурот.

Овој настан можеби изгледа сосема нормален за сопственикот, но e многу болен за сиромашниот продавач на јајца.

Поентата е:
Зошто секогаш покажуваме дека имаме моќ кога купуваме од сиромашните? И зошто ние сме великодушни со оние кои дури и не им треба нашата великодушност?

На социјалните мрежи имаше еден коментар:
„Татко ми често купуваше обични производи од сиромашните луѓе по високи цени, иако не му требаа во тој момент. Понекогаш дури и плаќаше повеќе за нив. Јас бидејќи бев загрижен заради оваа негова навика го прашав зошто го прави тоа? Тогаш тој ми одговори: „Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете.”

Но, за жал, во овие времиња, нема секој волја ниту желба да ја сфати оваа порака. Обвиени во нашата суета, имаме очи само за себеси. Уживаме во комформизмот, не сакајќи да погледнеме околу нас. Но, поука по поука, чекор по чекор, иако мал, барем доброто дело и збор сосема нема да исчезнат.

Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …
Не споредувајте се со никого, секој си има свој единствен животен пат
Ова нека биде ваш потсетник дека секој од нас си има свој …
meblo trejd mialnici
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…