nesto so silvi bend

Во новото издание на „Нешто конкретно” ја славиме љубовта и откриваме која е тајната на складните и долгогодишни бракови од една страна и проблемите и сопките со кои се соочуваат новите бракови од друга страна. Кој е зачинот кој треба да го има секој брак за да има краен рок на траење додека смртта не не раздели?

Во емисијата имаме парови, еден долгогодишен и успешен пар познат за сите нас како Силви Бенд, односно Силви и Влатко Плевнеш, и еден помлад пар кој што не така неодамна зачекори во брачните води и чија приказна започна токму во првата сезона на „Нешто конкретно”, Павле и Ирина Камилоски.

nesto konkretno so silvi

Силви за својот партнер Влатко ќе каже дека највредното нешто што тој го поседува е музикалноста, но што се однесува до Влатко, за неа не може само во една емисија да раскаже што се му се допаѓа кај својста љубена. Тие зборуваат за тоа како се запознале во средношколските денови и како Влатко се измачил додека да дојде до, како што тој ја нарекува, најубавата девојка на факултетот. После долги години нивната љубов, нивната жар и нивната неразделивост сѐ уште е она по кое сите ги препознаваме.

Павле смета дека клучно е разбирањето за успешен брак, а секако и љубовта. Тие двајца веруваат дека спротивностите се привлекуваат затоа што токму тоа им се случи нив. Ирина открива дека уште пред да започне снимањето на емисијата кога таа го здогледала првпат својот сегашен сопруг знаела што ќе се случи. Љубов на прв поглед.

Гледајте „Нешто конкретно” секоја недела во 17.00 часот на Телма

jk travel pobaraj ponuda
Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата ,,Ѓурологија” и во БИТОЛА
Задоволство ни е да ви најавиме дека, по повод 10 години од …
Емоционално јадење – барање утеха во храната
Во денешно време, дебелината е многу чест проблем. Бројот на заболени од …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…