naslovna dragi sekspir

         Ова писание морам да го почнам  со  навраќање во моите пубертетски години, кога сè уште одев во основно училиште, со оглед на тоа дека пораснав  во семејство на просветни работници кои делуваа во сите степени на образовниот систем, така што „дружењето“ со книгите ми е од  многу мала возраст и беше многу природно да станам  книжевник или учител.

Вилијам Шекспир ми беше љубов на прво читање, како дете имав илустрирани сликовници и стрипови. Првата екранизирана Шекспирова драма беше филмот „Ромео и Јулија“, а прва претстава што сум ја  гледала беше „Веселите жени од Виндзор“ на Народен театар Битола, превод на Драги  Михајловски, во режија на Љубиша Георгиевски, улогата на сер Џон Фалстаф ја толкуваше бардот Иљко Стефановски ( Вечерва Фалстаф).

2004 година во Битола во Домот на културата се организираше Саем на книгата, отидов со скромен буџет и со подготвен список на книги кои би си ги купила (ништо од планираното), таа година ја купив една од моите најдраги книги „11 Драми од Вилијам Шекспир“ – Драги Михајловски (превод).  Во тоа време, само што бев тргнала да го чекорам книжевниот пат, речникот ми беше скуден, знаењето сиромашно, јас Шекспир го читав на македонски јазик и учев, тогаш таа голема книга ми беше откривање на нова димензија. Сега слободно можам да кажам дека Драги Михајловски не го преведе  само Шекспир на македонски јазик, тој истовремено го облагороди македонскиот јазик и книжевност – чудесно многу, а на Шекспир му даде дополнителен простор во јазичната вселена.  Благодарение на  Д. Михајловски, Шекспир  проговори на македонски јазик еквивалентно на англискиот јазик, на сите лингвистички слоеви.

viber image 2024 04 09 07 03 19 120

            Зошто го сакам Шекспир во превод на  Драги Михајловски?

Затоа што, читајќи го: учам, близок ми е, токму поради јазичната еквивалентност на преводот и универзалните драмски теми на Шекспир, воопшто не го чувствувам  временското растојание меѓу ренесансансниот период и денешново раздобје.

Иако, „Хамлет“ ми е омилена Шекспирова драма, „Веселите жени од Виндзор“, „Кротењето на опаката“, истовремено ме засмеваат во онаа смисла на стварното значење на комедијата, ми даваат поле за размислување и ме тераат да ги читам маргинално  и по ликови, тука се и историските драми кои се препорачуваат да ги читаат државниците за да не ги поворуваат  истите потези ково минатото за да се  сопре тонењето на овој свет.

Драги Михајловски во предговорот на „11 Драми од Вилијам Шекспир“ напиша: „Шекспир е голем автор затоа што, како што вели Борхес, никој пред него и по него (освен Бог, се разбира) не успеал да  биде толкумина или, како што тоа најчесто се вели, не создал  толкав број ликови со кои навлегол во, речиси, секоја сфера на човековото  живеење го опфатил, речиси, секој слој на општественото уредување, осветлил  толку многу   особини на човечкиот карактер, дал толку многу ситуации или,  едноставно речено, го напишл урнечкиот ракопис на нашата живеачка во овој, секако, убав, необичен и, не до крај познат за нас, свет. Но преведувачот, особено добриот преведувач, е секогаш свесен дека ликовите со сета своја живост, пластичност, со сите свои радости, таги, мечти и соништа, никогаш не се надвор од јазикот…“

viber image 2024 04 09 07 03 12 164

2022 година, на 21 февруари, Драги Михајловски премина на другата страна, а кога ќе си замине некој човек, човештвото чувствува  дополнителен простор или  голем недостаток, Драги Михајловски беше човек вселена, во месеците на хибернација преминаа  големи  луѓе во  смисла на нивната духовна широчина, така што зимава што замина беше тешка.

Она што ми паѓа в очи е споменот….човек цел живот работи и по законот на нештата заминува и токму тогаш  ко надојдена река излегува сè што сторил, кажал, напишал.

После Шекспир, додека студирав  македонски јазик и книжевност, додека го спремав испитот македонска современа  книжевност ги читав неговите раскази, збирките „Ѓон“, „Раскази од шести кат“ и тој  е поинаков, во неговото пишување  ко да се пресекле исконот и иднината, ја разбира сегашноста, ама не му брка  работа, ита со размислувањето, затоа и го нарекувам – човек  вселена.

Многу негови поранешни студенти, мои познаници  со кои начнуваме неброени книжевни теми, нивната реакција кога почина Драги Михајловски, преведувачот, писателот, битолчанецот, беше (парафразирам): „Изгубивме  голем и доблесен  интелектуалец…сега што ќе правиме?!“

Можеби некого некогаш ова мое писание ќе инспирира, затоа  се трудам да пишувам  директно онака како што ми доаѓа од изворот и да не ја обојувам искреноста. Им реков  на двајца негови студенти со кои сум блиска, да ми напишат нивен впечаток за Професорот:

viber image 2024 04 09 07 03 11 503
  • „Инспирација, вдахновеност, мотив за работа. Пренесувач на знаењето од вековите минати. Креатор на  генерации филолози кои ги зарази со љубовта за книжевноста и поезијата. Неисцрпен извор на знаење и  вистински истражувач“.

                                                                  Билјана Крстеска
                                             (проф. по англиски јазик и книжевност и преведувач)

  • „Со три збора знаеше да ми покаже цел свет и молчешкум со еден поглед благо да ме прекори, а јас точно знаев што грешам! – „Биди економичен со зборот“,- ми велеше секогаш кога ќе му дадев да прочита моја песна. Да, нема сè во книгите и животот се учи од животот, но учителот генерации подготви за животот со самото тоа што беше – човек со големо срце. Зад него остануваат не само грандиозни дела и величенствени преводи на дела од кои идните генерации ќе учат книжевен превод, туку и прекрасни сеќавања кај многу генерации кои имале таква среќа да го запознаа т, Драги, професоре драг! За мене, тој е и ќе остане The Soul of the Age!“

                                                                           Перо Сарџоски                                         (проф.по англиски јазик и книжевност, преведувач, поет)

  • Умирачката е ко некој кантар.Човек зема со себе онолку колку што оставил небитно во која доба од постоењето ќе премине. Во ценатрот на културните полемики секогаш е македонскиот јазик, неговото сквернавење и понижување  можеби е исто толку долго колку и неговото постоење, има и зошто.  Драги Михајловски беше ерудит, беше на браникот на јазикот, постојано работеше на негова  афирмација, како и што гласи правилото: „За да бидеш добар преведувач од англиски јазик…, прво мора суштински и длабоко да го познаваш македонскиот јазик“. Михајловски уште еднаш докажа дека македонскиот јазик не е сиромашен, само неговите говорители се ограни.
Урмите – природен извор на енергија
Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
Да нема забуна – не станавте себични, туку тешки за манипулирање
Потврдувањето на сопствените граници и одбивањето да се биде манипулиран честопати погрешно …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…