nesto konkretno zuica lazova nas01

Во „Нешто конкретно” оваа недела зборуваме за тоа дали жените се плашат од силни жени. Дали на жената со став и е многу потешко да стигне до зацртаната цел или напротив многу полесно. Дали позади секоја јака жена стојат многу жени кои што превртуваат со очи и се користољубиви и дали силната жена е инспирација или фрустрација?

nesto konkretno zuica lazova

На оваа тема дебатираме со Данела Арсовска, Пулексенија Јовановска, Васка Леонтиќ и Зуица Лазова.

leontik

Денеска силни и успешни жени, но какви беа тие во средно? Васла Леонтиќ зборува за своите почетоци, како авангардна средношколка таа често била бркана од часови затоа што се облекувала поинаку од останатите, вели ретки беа професорите што успеаја да го забележат мојот талент. Таа откри дека сите оние другарки што ја викаа фризерка тогаш, за своите свадби дојдоа кај фризерката да си ја средат косата.

zuica
meblo trejd za gradina косацки

На прашањето дали сакала да биде кралица или принцеза кога била мала Зуица Лазова одговори дека ниту едно ниту друго. Таа себеси се опишува како машкоданка и немирно дете чиј татко постојано бил повикуван поради проблемите што ги правела.

Готват ли силните жени по дома? Данела Арсовска вели дека нема проблем со готвењето, но има со времето, поради големите обврски се поретко се стигнува дома за ручек. 

Таа себеси се смета за добар возач иако во последно време ретко вози, но не смета дека тоа е поврзано со карактерот на жената, вели дека е битна желбата и афинитетот, ако се сака се може.

pulksenija

Што би земала Пулексенија Јовановска од силните жени низ светот? Таа од Кралицата Елизабета го одбра кралството, од Џенифер Лопез мажот и кариерата, од Ангела Меркел строгоста, од Северина смелоста, од Клеопатра начинот на кој што ја пренесе негата на жената и од македонската домаќинка трпението.

Гледајте ја целата емисија и слушнете ги целосно приказните што за себе ги раскажаа овие четири силни жени.

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата  Нешто конкретно

Емисијата „Нешто конкретно” се емитува секоја недела во 17.00 часот на Телма.

jk travel leto 24
Брокулата – хранлива ризница на здравјето
Брокулата е еден од најхранливите зеленчуци кои можете да ги додадете во …
Бидете толку сигурни во себе за никој да не може да ве омаловажи
Бидете толку сигурни во себе така што никој друг не може да …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…