Во светот каде што релациите се кршат со неколку зборови, а срцата со еден гест, неопходно е да научиме една важна животна лекција — не се дружете со оние што некогаш се обиделе да ве уништат.
Има луѓе кои ќе се насмевнат денес, ќе ви подадат рака и ќе зборуваат за нов почеток, но истите тие луѓе можеби некогаш се обиделе да го уништат вашиот карактер, да ви го земат она што сте го градиле — дали тоа е доверба, љубов или финансиска стабилност. Како што змјата ја менува кожата за да расте, некои луѓе ја менуваат маската, но суштината останува иста.
Довербата е столб на секоја здрава релација. А кога еднаш ќе се сруши, не може никогаш да се врати во истата форма. Простувањето е благороден чин — тоа е подарок што го даваме на себеси за да не живееме со огорченост. Но, помирувањето е нешто сосема друго. Тоа се заслужува — со искреност, со дела, а не само со зборови.
Важно е да се направи разлика меѓу добрина и наивност. Бидете добри, но не дозволувајте истата личност повторно да ве повреди. Не секој што вели „Извини“ се променил. Некои луѓе не се менуваат — само ги усовршуваат своите лаги.
Затоа, ценете ја вашата вредност. Простете, но не заборавајте. Заштитете го вашето срце и не ја отворате вратата таму каде што веќе сте биле повредени. Вашиот мир вреди повеќе од секој лажен однос.
„Кога некој ти покаже каков е, верувај му – првиот пат.“
– МаЈА Енџелоу








