Земјата, онаа по која одиме, ја обработуваме, одгледуваме храна – е токму таа земја содржи природен антидепресив mikobakterijum vake. Оваа бактерија се наоѓа во земјата. Луѓето доаѓаат во контакт со оваа бактерија додека своето време го минуваат во природа или ја обработуваат земјата.
Зошто порано нашите претци ретко користеле или воопшто не користеле класична медикаментозна терапија?
Микобактеријата го стимулира човечкиот мозок да создава серотонин или познат како хормонот на среќата. Многу градинари, земјоделци, кои секојдневно минуваат време работејќи со земја тврдат дека уживаат во она што го работат – кој не би уживал во плодовите од својата градина, кои многу често се одгледуваат на органски начин без вештачки ѓубрива, сочни и вкусни, бидејќи најчесто служат за консумација првенствено на најтесното семејство, додека квантитативното производство бара други услови за обработка и брзина.
Микобактеријата ги подобрува когнитивните способности кај човекот, има научни тврдења дека може да спречи или да го сопре развојот на Кроновата болест и ревматоидниот артритис, и двете се автоимуни заболувања кои можат да направат големи штети врз човечкото тело, а сè повеќе се дијагностицираат кај мали деца кои се во раст и развој – така што корисно е децата да си играат, да фаќаат земја со голи раце место да ги чуваме под стакленото хигиенско ѕвоно.
Пролетта е идеално време деновите да ги поминете во природа или доколку имате можност да работите со земја. Најмалку што можете е да го украсите вашиот балкон со декоративни цвеќиња или за да не вдишувате канцелариски, бајат-домашен воздух, шетајте и задолжително со себе понесете си чадор – пролетта е убава во нејзината непостојаност. На земјата ѝ е неопходен дождот, исто ко и сонцето.
Имајте на ум дека човекот е биолошко суштество, а не канцелариски реквизит.
Затоа садете, валкајте ги рацете со земја и имајте на ум дека вложувате во вашето здравје.