Никој од нас не е совршен. Човечката ментална сила претставува процес кој се усовршува во текот на целиот живот. Но, ако ги забележите овие особини кај себе, тогаш вие имате сила и подготвенот да ‘истуркате’ сѐ во животот.
Има 12 особини кои укажуваат дека сте ментално силна личност:
- Самосвест – свесни се за нивните мисли, емоции и мотивации. Луѓето кои имаат висок степен на самосвест подобро ги разбираат своите потреби, вредност и ги дефинираат своите цели.
- Способност за донесување на одлуки – ментално силните луѓе можат да ги анализираат информациите, алтернативите и да донесат одлуки дури и кога се соочени со непредвидени околности.
- Флексибилност – начинот на пристап ни помага да се прилагодиме на промените и стресот. Оној кој може да се промени кога е тоа потребно – е неуништлив.
- Оптимизам – ментално силните луѓе често се фокусираат на позитивните аспекти на ситуацијата, што им помага да задржат оптимистичен поглед на иднината.
- Способност за саморегулација – е всушност способност да ги конролирате сопствените реакции на стрес и емотивност, така што ја одржуваат јасноста на умот во тешки животни ситуации.
- Способност за простување – простувањето ве ослободува од негативни емоции и ви овозможува да одите напред. Ментално силните луѓе знаат како да простат и на себеси и на другите.
- Цели – ментално силните луѓе имаат јасни цели и планови. Тие им даваат правец и мотивација за успех.
- Да се прифатат одбивањата – не се разочаруваат кога ќе бидат одбиени, кога ќе доживеат неуспех, туку ги гледаат како можност за сопствен раст и напредок.
- Емпатија – ментално силните луѓе имаат способност да се стават во кожата на другите.
- Способност за градење на меѓучовечки односи – ова вклучува ефикасна комуникација, решавање на проблеми и способност за одржување на здрави односи.
- Скромност – не се плашат да ги признаат своите грешки и учат од нив.
- Посветени на сопствениот развој – секогаш работат на себе, се стремат да станат подобри луѓе, подобри професионалци, постојано ги развиваат воите вештини.
Тој што зборува лошо за тебе е изгубен во сопствените рани
Тој што зборува лошо за тебе — не го прави тоа затоа …
Дали навистина знаеме што сакаме?
– Во ерата на избори без јасна желба. Постои една фраза што …