majka 11

Жената кога ќе стане мајка, таа продолжува да расте заедно со своето дете. Секоја мајка е најдобра мајка за своето дете, не попусто се вели дека зборот мајка е единствениот збор кој нема заменка.

Дали жената е целосно подготвена за предизвикот – мајка, кога тоа ќе стане?

Нема ни време за подготовка, ниту избор – во тој свечен момент таа само ги зема уздите и ја презема новата и доживотна улога.

mother 429158 1280

Некои работи  жената ги учи подоцна како на пример:

  • Изреката „како правиш, така ти се враќа“ во мајчинството е аксиома. Често се случува мајките да добијат слични деца на себе во првите години од животот. Тоа значи дека децата не спијат, пребирливи се во исхраната, имаат сличен темперамент. Ако се земе предвид дека во првите три години од животот на детето улогата на мајката е најважна.
  • Парот пред бебето и после бебето се два различни света. Жената се вложува да биде добра  мајка, и истовремено да остане добра сопруга – огромна работа. Навикнете се дека секогаш нема да цветаат ружи и конструктивен дијалог, битно е да се доживее промената.
  • Мајчинството уморува, не очекувајте дека мајките се секогаш весели и исполнети.Таа се грижи за бебето, за целото семејство, работата и еден куп други попатни обврски, некогаш е потребно да се разбере и таа и нејзината нервоза и тишина. Жената кога ќе стане мајка , таа започнува постојано да се грижи за нешто околу своето дете.
  • Никој не може да каже што е правилно. Мајките се водат од својот вроден мајчински инстинкт кој се активира некогаш од позитивниот тест за бременост,  или при првиот контакт со бебето. Мајката едноставно знае што е најдобро за нејзиното најмило, грешките се случуваат секојднево, со оглед дека ниедно бебе не е родено со упатство за употреба.
baby 4100420 1280

На крајот – не постои некаков начин на кој жената би се подготвила за мајка. Постојано ќе слушаме разни приказни од роднините, пријателите, но ни одблиску не го опишуваат новиот животен предизвик. Треба да се препуштиме на убавината кога самите можеме да откриваме и сознаваме нови нешта – мајчинството  е најубавата улога што може да ја има една жена.

Тој што зборува лошо за тебе е изгубен во сопствените рани
Тој што зборува лошо за тебе — не го прави тоа затоа …
Дали навистина знаеме што сакаме?
– Во ерата на избори без јасна желба.  Постои една фраза што …
meblo trejd cesmi во crni

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…