Длабоката личност е интензивна. Може да биде и малку застрашувачка – затоа што внесува интензитет во сè што прави. Нејзините емоции се интензивни, а такви ѝ се и мислите. Сака долги разговори за животот, сака да слуша приказни од минатото, сака да ја разбере вашата болка и да додаде вредност во вашиот живот.
Колку сте подлабока личност, толку е потешко да пронајдете некого кој би сакал да биде во врска со вас. Можете да излегувате на состаноци, да се забавувате, ама во одреден момент комуникацијата не напредува, а тоа е поради интензитетот на вашата длабочина.
Не секој е доволно силен да може да оствари однос – неважно дали станува збор за пријателска или романтична врска со длабока личност.
Еве и зошто:
Длабоката личност поставува длабоки прашања! Длабоката личност ќе истражува и поставува прашања на кои можеби нема да бидете подготвени да одговорите. Дури и на првиот состанок, оваа личност ќе копа сè подлабоко и ќе поставува лични и филозофски прашања – никогаш нема да ужива во плиток разговор.
Длабоката личност е искрена. Премногу искрена – често нетактичка. Таа својот интегритет го сфаќа сериозно и верува во искреност. На секое поставено прашање ја кажува вистината, и го очекува истото од вас.
Длабоката личност знае што сака или кого сака. Длабоката личност веднаш знае дали ѝ се допаѓате и нема потреба да истражува други можности за да биде сигурна во своите чувства. Нејзиното срце чука само за неколку посебни личности, а веднаш ги препознава своите луѓе.
Таа личност сака суштински однос. Сака долги разговори за животот, сака да слуша приказни од минатото, сака да ја разбере вашата болка, сака да додаде вредност во вашиот живот. Сака вистински однос кој ги надминува излегувањето и забавите.
Оваа личност не се плаши да оствари блискост со друга личност. Не се плаши од зближување, или можна повреда во процесот. Нејзината длабочина и интимност одат рака под рака, а таа секогаш ќе ја негува убавината на интимноста во односите.
Длабоката личност гледа низ вас. Може да види вистински кои сте и што ве прави ранливи. Иако, можеби ова да ви прави непријатност, но таа сака да ве разбере и да можете да бидете во нејзино друштво онакви какви што сте вистински.
Длабоката личност копнее по постојаност. Не сака недоследности и несериозно однесување. Сака силна и цврста врска и знае дека доследноста е темелот на тоа. Длабоката личност не сака да учествува во играње на игри.
Длабоката личност е интензивна. Може да биде малку застрашувачка бидејќи внесува интензитет во се што прави. Нејзините емоции се интензивни а такви и се и мислите. Таа никогаш нема да биде рамнодушна за работите кои ѝ се важни. Не се сите доволно силни да се носат со нејзиниот интензитет.
Длабоката личност знае како да сака длабоко. Ако не можете длабоко да ја сакате, ќе си замине. Не знае лежерно и без обврски да се забавува со некој за кој што се грижи, ниту да биде пријател со некој за кого има романтични чуства. Длабоката личност знае кога не ѝ е возвратено и полека ќе се повлече од секој којшто не е подготвен да ѝ даде длабока љубов која ја бара.
Оваа личност со голема суштина нема да чека. Нема да чека да се одлучите. Таа е силна и страствена и нема да ги губи емоциите на некој кој не ја почитува нејзината длабочина, иако е во потрага по посебен вид на љубов, оваа личност не се плаши да биде сама!