person 3471540 1280

Сега е вистинското време да се позанимавате со вашето тело, а најдобриот начин да го направите тоа е физичка активност. Најдобра и најдостапна физичка активност е пешачењето.

Ако сакате да изгубите тежина со пешачење, мора да ги следите овие 7 закони:

  1. Правете по 15.000 чекори на ден

Личниот тренер Хана Дејвис препорачува да си поставите за цел 15.000 чекори на ден и тоа да го правите секој ден. Можеби тој број изгледа премногу голем, но тој број го вклучува секој чекор што го правите од моментот кога ќе станете од кревет.

Не грижете се за тоа ако само полека го зголемувате бројот на чекори. Само одете, советува Дејвис. За разлика од зголемувањето на интензитетот на вежбање преку ноќ, удвојувањето на бројот на чекори преку ноќ нема да го оптовари телото или да ја зголеми можноста за повреди.

pesacenje
  1. Пешачете три пати на ден 20 минути

Ако пешачите 20 минути три пати на ден, тоа ќе ви помогне да го достигнете посакуваниот број чекори и да изгубите тежина. Студија на Универзитетот во Вашингтон откри дека луѓето кои пешачеле 15 минути по секој оброк имале подобар биланс на шеќерот во крвта отколку оние кои оделе 45 минути во кое било време од денот.

Ова значи дека одењето по ручекот може да ве спаси од вообичаената попладневна летаргија после јадење и желбата за слатки.

  1. Одете по угорница три пати неделно

Одење по угорница, што вклучува одење по скали, помага да се изградат мускулите, што пак го забрзува метаболизмот. На тој начин, ќе потрошите повеќе калории дури и кога седите на работната маса.

  1. Правете интервали за брзо одење

Прошетајте правејќи едноминутни интервали во кои ќе го забрзате ритамот на одење и со тоа ќе го зголемите срцевиот ритам и ќе потрошите повеќе калории. Откако ќе вметнете едноминутни интервали во вашата рутина за одење, постепено започнете да го зголемувате ритамот и времетраењето на интервалот.

Додека одите побрзо, мавтајте со рацете. Движењето на рацете ќе ви помогне да согорите повеќе калории и да ги зајакнете рамената и стомакот.

  1. Додадете вежби на секоја прошетка

Слабеењето со одење не значи само одење. Паузи во кои ќе правите 15 до 20 клекнувања, склекови потпрени на клупа или направете големи расчекори.

Сите овие вежби го забрзуваат чукањето на срцето, помагаат во градењето на мускулите и ве спречуваат да ви здосади, посочува Дејвис.

  1. Ограничете го дневниот внес на калории на 1600

Колку хранливи материи треба да јадете во текот на денот зависи од многу фактори, но повеќето жени кои слабеат со одење се држат до диета од 1200 до 1600 калории на ден богата со протеини.

Ако сакате да изгубите тежина со одење со низок интензитет, ќе мора да обрнете големо внимание на вашата исхрана за да изгубите тежина. Иако ја зголемувате физичката активност, ќе мора да го намалите внесот на калории, забележува Дејвис.

walk 2635038 640
  1. Одете по подолгиот пат

Воведувајќи повеќе чекори во вашите секојдневни активности (паркирање надвор од работа или дома, користење скали наместо лифтови и сл.) ќе си олесните сами да достигнете бројка од 15 000 чекори на ден и да изгубите тежина.

meblo trejd za gradina
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…