girl 1641215 1920

„Совршениот родител“  треба да се загрижи ако неговото дете никогаш не доцни, не лаже, секогаш си ја средува собата, со никого не се расправа.

Денес, сите се обидуваат да бидат совршени родители. Од моментот на зачнување стануваат робови на идејата дека во ништо не смеат да погрешат. Им се сугерира дека дека дури и најмалата грешка може да направи тектонско пореметување во животот на детето.

Според современото воспитување, родителот мора да биде потполно посветен и својот живот да го положи на олтарот на здравата исхрана, новите воспитни методи, ергономските играчки. Не смее да има сомнежи во својата личност, ниту да помисли дека не е дораснат за родителската улога. Недостојно е после неколку неотспиени ноќи или после неколку часа тантрумско плачење да се умори и да побара спокој – ќе го изеде грижата на совест, не поради себе, туку поради што е така наметнато.

viber image 2024 01 03 23 06 31 543

Во прилог неколку тези за совршено родителство:

Совршените родители треба да се загрижат ако нивното дете :

  • секој ден, по цел ден е чисто;
  • редовно си ја средува собата, не остава зад себе валкани чинии, крпи, алишта;
  • никогаш не се расправа, не докажува дека е во право или е жртва на страшна неправда;
  • никогаш не доаѓа од училиште со објаснувањето дека лошата оценка настанала затоа што наставникот дал задачи од лекцијата која не ја предавал, или со утеха дека сите ученици ја сработиле лошо задачата, дури и оној ученик кој  е најдобар во одделението добил четворка на тестот;
  • никогаш не лаже, ниту се обидува;
  • никогаш не доцни, секако, секогаш со причина, не по своја вина;
  • не прибира јадење и не се буни, не бара хамбургер и предност му дава на спанаќот, а не на пицата;
  • ги прифаќа и ги почитува сите совети искажани со смирен тон, затоа што го уважува искуството и добрите намери на родителите, не искажув знаци на неиздржливост, здодевност и не приговара;
  • никогаш не посакало да биде дете на други родители;
  • сака да биде во друштво само со родителите, одбива да игра со децата пред зграда;
  • постојано им кажува на родителите дека тие му се најдобри другари;
  • на прашањето, кој му е идол, го наведува едниот родител, а не некоја ѕвезда;
  • говори тивко, кажува цели реченици без гримаси, без движење на рацете, не ги лупа вратите, не демонстрира, седи мирно;
kid 1241817 1280

Навистина треба да се загрижите ако детето ги прави овие работи. Има две причини: Првата, најверојатно родителите лажат, бидејќи во просек сите деца го прават ова, само ретко кој признава, туку се „јадат“ насамо и мислат дека сите се подобри родители од нив, се прашуваат со што го заслужиле тоа, во што погрешиле.

Ги има и оние родители чии деца не прават ништо од ова, ама тие треба да си одговорат дали одгледуваат дете или сопствена суета. Кога нивното дете ќе биде дете?  Дали нивното дете е дете или нивна потреба да бидат совршени – што значи дека не се, инаку не би ја „пеглале“ преку детето сопствената биографија.

Втора причина е во детето. Ако детето во последно време се однесува според најмалку три наведени тези погоре, тогаш треба да се загрижите. Сигурно нешто направило, па сега чека да помине олујата.

Извор: zelenaucionica.com

meblo trejd lajsni
Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…