young woman g5d4b6c021 1280 1024x682 1

Во една студија за влијанието на мобилните телефони врз когнитивните способности, студентите кои ги оставиле своите телефони во друга просторија поминале подобро на когнитивните тестови од оние кои ги имале на своето биро или в торба, иако не ги користеле. Дури и оние кои рекле дека не размислуваат свесно за своите телефони, имале полоши резултати, што значи дека пречките се случуваат на потсвесно ниво.

pexels jessica lewis creative 4200824
meblo trejd lepila

И на возрасните додека работат им е тешко да ги игнорираат пораките и известувањата кои ги информираат штом некој од пријателите објави нешто на социјалните мрежи, или пак реагира на нешто што сме објавиле.

Има неколку дополнителни причини зошто децата и младите се особено приврзани кон нивните телефони.

Голем дел од социјализацијата на младите денес се одвива преку мобилните телефони, особено во периодот на адолесценцијата, кога клучните развојни цели се обликување на сопствениот идентитет одвоен од родителите и давање предност на пријателството со врсниците.

young woman g5d4b6c021 1280

Исто така, во споредба со возрасните, децата имаат помалку развиена способност да ги контролираат импулсите. Ова им отежнува да им дадат приоритет на пишувањето домашна задача или учењето за испит отколку, на пример, допишувањето со нови пријатели.

„Децата ќе ја започнат задачата и ќе се обидат да ја завршат, но нема да одвојат време да размислуваат и да откријат како да го направат тоа на најдобар можен начин“, вели д-р сц. Мет Кругер, клинички психолог и директор на Центарот за учење и развој на американската непрофитна организација Child Mind Institute.

Можеби ќе направи се што е потребно, но поради повеќекратните задачи ќе размислува поповршно и ќе троши повеќе време на задачата.

mobile g4b720b0c3 1280

На веб-страницата на Child Mind Institute има совети за да се воспостави рутина за пишување домашна задача што ќе го намали одвлекувањето на вниманието, особено ако детето има потешкотии со вниманието или му треба многу повеќе време за да ја напише домашната задача отколку што треба.

Родителите треба однапред да се договорат кога во текот на денот и на кое место без телефонот, освен ако задачата не го бара тоа, детето ќе пишува домашна задача. Детето треба да знае дека целта на тоа е еда се олесни пишувањето на домашните задачи и да му се даде повеќе вистинско слободно време.

дете

Може да се испланираат и редовни кратки паузи во кои детето може да го напушти бирото каде што пишува домашна работа и да ги проверува социјалните мрежи или пораките на мобилниот телефон.

meblo trejd alati2
Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…