bolest

Зошто луѓето кои се соочуваат со тежок внатрешен конфликт се разболуваат и умираат?

Д-р Бернард Лоун, познат кардиохирург прегледал еден свој пациент, му поставувал прашања на кои пациентот одговарал нерадо, а сопругата на пациентот постојано излегувала да пуши цигари.

Докторот ѝ забележал: Како можете толку да пушите, а вашиот сопруг има срцева болест?

Жената се расплакала и рекла: „Каква врска имаат цигарите? Не е во тоа работата. Џон ве лаже и не ви го кажува главното – се разболе затоа што мајка му постојано му пререкува, вознемирува, прекорува…му се јавува и го навредува. А Џон не може ништо против, затоа што таа му е мајка“.

Овој разговор му оставил силен впечаток на докторот, така што почнал да ги набљудува пациентите. Бил шокиран: еден старец бил измамен од неговиот зет, му го зел имотот, бизнисот го пренел на свое име, старецот се плашел  да оди по собата – зетот постојано викал на него и удирал со нозете. Друг пациент се опоравувал после тешка операција – а мајка му му се јавувала на телефон и му барала пари. Пациентот умрел. Имало еден куп такви случаеви.

Д-р Лоун забележал: „Сите мои пациенти се жртви на емоционални конфликти со блиски луѓе – конфликти од кои не може да се најде излез – мора да се разговара. Морате да крените на телефон, разговарате, да живеете заедно, да се посетувате, а ги сузбивате своите природни емоции – затоа што треба да бидете добри. Добар свекор, добра ќерка, добар син, добар татко, добра мајка, добра сопруга…Така треба!“

Познатиот кардиохирург напишал дека операцијата и лечењето се исправни, има резултат. Но, причина за болеста или траумата е конфликтот, во постојано непријателскиот став кон човекот. И што е поблагороден и смирен човекот, тогаш последиците од ваков конфликт се потешки, затоа што има тенденција од надвор да се манифестира внатрешно и негативниот човек се населува во потсвеста и многу е тешко да се избрка од таму, сета сила на организмот се насочени кон оваа внатрешна борба во која нема победници – затоа што се борат делови од една личност.

Така што, луѓето кои се сочуваат со тежок внатрешен конфликт тешко заболуваат и умираат. Место да се признае конфликтот, се присилуваат себеси да простат, разберат, не обрнуваат внимание – како што советува околината. Но болеста ќе напредува сè додека непријателството и злобата на другиот човек не се освести.

Д-р Лоун на своите пациенти им забранил да разговараат на телефон – тогаш немало мобилни телефони. Им дозволил пациентите да бидат посетувани само од оние роднини со кои пациентот имал добри односи. Најважно, луѓето се опоравувале, благодарение на докторот, кој подоцна ја добил и Нобеловата награда.

meblo trejd alati2
Урмите – природен извор на енергија
Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
Да нема забуна – не станавте себични, туку тешки за манипулирање
Потврдувањето на сопствените граници и одбивањето да се биде манипулиран честопати погрешно …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…