japonija

На социјалните мрежи има видео од градинка во Јапонија од кое може да се види како оваа нација уште од мали нозе ги учи децата на добри манири, емпатија и солидарност.

На видеото се гледаат деца кои седат на два реда столици и се преправаат дека се патници во автобус. Едно момче е возачот.

Момче со бастун влегува во автобус, преправајќи се дека е дедо, а неговото другарче потоа станува и му го отстапува местото.

Потоа влегува девојче која глуми мајка со бебе и другарката од групата и отстапува место. Така е и со девојчето која глуми „бремена“жена на која друго другарче го ослободува седиштето.

Јапонците препознаа дека преку образованието кај децата се негуваат правилните вредности, па затоа уште од мали се учат на темелните вредности на кои треба да почива едно општество.

За разлика од кај нас.

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…