Изминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри ИЛИНДЕН од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција. Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното.

Помеѓу тие бисери се и „Градските приказни“ кои се подвижен музеј за овој град. Ансамблот ИЛИНДЕН е тука да го спои сѐ она што се менува и сѐ она што треба да остане исто. Тие се врската помеѓу минатото и иднината, чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри.

281772853 5283674421692510 7904749939609941794 n

Градските приказни на ансамблот ИЛИНДЕН, беа изведени на целовечерен концерт под наслов “Битола е градот” во Офицерски дом, а на плакатот кој го најави овој настан, кој го дизајнираше Сергеј Светозарев, пишуваше – затоа што Битола е градот.

280465152 1442394522864584 5748853717962038203 n

„Битола е градот, а КУД Илинден е синонимот за Битола. Најстар фолклорен ансамбл, едно од најстарите здруженија во Битола и нашата татковина, без прекин на континуитетот. КУД Илинден 67 години е амбасадор на Македонија во светот, се разбира и на сцените низ нашата држава. Сме настапувале од САД на Запад до Јордан на Исток, низ цела Европа, Австралија, Русија…Минатата година бевме дел од 6-тата светска фоклоријада во Уфа, Русија, како претставници на Македонија. Овој проект е нераскинливо врзан за нашиот ансамбл. Сите сцени на „Градските приказни“ се предизвик за нас, а Офицерскиот дом и како архитектура и како историја е место каде се спојуваат истокот и западот. Идеален простор каде можат да се претстават и Ала Турка и Ала Франга традициите преку непроценливи костими, песни и игри. Беше повеќе од предизвик да ги раскажеме нашите градски приказни токму на оваа локација, бидејќи ние сме еден од ретките ансамбли кои ги има градските игри, во формат на целовечерен концерт“ – истакна Александар Стефановски, уметнички раковител на КУД Илинден.

280505483 5283674445025841 1969593581873945552 n

Овој концерт, на барање на публиката ќе се одржи уште неколку пати, а веќе пристигнуваат покани истиот да биде презентиран на други сцени, како и на голем интернационален настан во организација на една од амбасадите во Македонија, за што ќе следуваат наскоро детали.

Како времето влијае на спиењето и одморот
Промените во температурата, воздушниот притисок, влажноста на воздухот и врнежите влијаат врз …
Совети за детоксикација на Вашиот живот
Вашата околина е еден од најважните фактори за вашите хормони, како и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…