woman 4684702 1280

Нема посексипилна личност од личноста со висока емоционална интелегенција, а еве и зошто:

Никој не предизвикува толку силно гадење и одбивност од личност којашто не се познава себеси, која е збунета во интеракциите со другите луѓе и не го сфаќа ефектот кој го има врз другите.

Може да се каже дека не постои посексипилна личност од личноста со високо ниво на емоционална интелигенција.

Емоционалната интелигенција е повеќе поврзана со успехот во работата и животот отколку обичната интелегенција, затоа што за да ја достигнете оваа висина, морате да бидете во состојба да ги прочитате намерите на другите луѓе, а потоа да реагирате согласно со нив.

Истото важи и за односите – ако не сте во состојба да се анализирате и контролирате кога комуницирате со друга личност, нема да можете ни односот со партнерот да го подигнете на сосема ново ниво.

Без оваа група на вештини, се повторуваат истите грешки во континуитет. Ќе сфатите повторно и повторно дека не ви е дозволено да ја преминете „пријателската зона“ или дека сте заробени во скрипта на односи која е исто толку отровна колку и претходната. Повторно ќе сретнете ист тип на луѓе, кои се жалат дека немате достојна перспектива. Во исто време ќе одете со главата безнадежно во овие безнадежни врски, затоа што наместо да ја искористите главата и срцето, ќе дозволите емоциите да ве контролираат.

summer 4246927 1280

Првата причина зошто луѓето со здрава емоционална интелигенција се посебно секси и моќни е тоа што многу подобро се однесуваат кон другите, а и кон себеси. А тоа им овозможува да изградат подлабоки врски, да го зголемат нивото на меѓусебно разбирање и значајно да го намалат бројот на несогласувања и расправии. Исто така, размислете за леснотијата што врската ќе ја добие, и како ќе ви овозможи да добиете повеќе од тоа што го сакате.

Личноста со високо ниво на емоционална интелегенција е секогаш високо мотивирана личност со сопствени цели и амбиции, која не треба да биде водена или да допушти некој друг да избира наместо неа. Таквите личности по правило ги одликува оптимистички пристап на животот, и препреките кои се појавуваат не ги сметаат за проблем туку за нови можности и нови искуства за себе.

Кој нема да го развие овој квалитет, останува мотивиран толку колку што бара партнерот. Извршувањето на важни работи, професионални и лични, за таквата личност може да биде поврзано со големи потешкотии. Се чувствува помалку моќна од личностите кои се способни сами да одлучуваат за својата судбина. Најмногу сака да води пасивен начин на живот, а најголем број од неговите подвизи завршуваат со ништо.

woman 3219507 1280

Друга причина зошто луѓето со висока емоционална интелегенција се сексуално по привлечни е затоа што се свесни кого и што сакаат. Во нивниот живот нема повеќе „не знам“ туку само „сакам“. Тие повеќе не чекаат животот да стане подобар, туку сами си го подобруваат.

Личностите со здрава емоционална интелигенција покажуваат емпатија кон другите. Сакаат да комуницираат со луѓето, ги разбираат, затоа што нависина им значи и другите да имаат просперитетен живот.

Поединци кои немаат доволно емоционална интелигенција, по правило прво мислат на себе и повеќе се загрижени за надворешните знакови на успех, а тоа што другите луѓе го доживуваат во суштина им е индиферентно. Имаат тенденција да се дистанцираат од другите и да размислуваат на начини како „никој не ме разбира“ или „сите сте во криво“.

Третиот фактор на нивната неверојатна сексуалност е тоа што во комуникација со деца, животни и други луѓе секогаш покажуваат сочувство, со што успеваат да ја надминат својата ароганција и себичност. Со тоа, обично таквите луѓе размислуваат не само за тоа што би им било од корист, туку и што би било добро и за другите.

Ваквите личности успеваат да изградат однос и да стекнат доверба со други луѓе многу побрзо од тие кои немаат емоционална интелегенција. Нивните односи со другите се полни со леснотија и искреност. Можете да ги донесете кај своите пријатели, можете целосно да им верувате на тоа што го зборуваат и прават. Во своите зборови и дела секогаш ја задржуваат доследноста.

alone 8250696 1280

Сумирајќи сѐ што е кажано за личностите со емоционална интелигенција, во споредба со личностите со неразвиена емоционална интелигенција, можат да се идентификуваат следните спротиставености:

  • Развиена самосвест против невнимавање кон сопствените чуства/мисли/постапки
  • Внимание против егоцентричност и апсорпција во планирањето
  • Самоиницијатива против пасивност и очекување дека некоја друга личност или самиот живот ќе направи се за него
  • Осетливост против неразбирање какво влијание има врз другите или како другите вистински се чуствуваат
  • Сочувство и искрена желба да се помогне против советот „не се грижи“
  • Искреност против тоа се да се изложи за претстава
  • Без драми и игри против бескрајни драми и игри
  • Доследност против противречност и навика да превзема обврски кои не е во состојба да ги исполни
  • Оптимизам против песимизам
  • Виталност против – се зависи од ситуациите кои ми се случуваат

Добра вест е тоа дека емоционалната интелегенција се темели на 5 клучни аспекти:

Самосвест, саморегулација, мотивација, емпатија и човечки вештини.

Сето ова може да се научи. Емоционалната интелигенција може да се развие со тек на време.

А еве и три клучни совети кои ќе ви овозможат да ја зголемете емоционалната интелегенција, а со тоа да станете посреќен и проклето секси!

  1. Развој на самосвеста и саморегулацијата!

За да го направите ова, можете да користите терапија, тренинг или саморефлексија. Се што треба е да станете свесен што е тоа што ве мотивира да го кажете или направите тоа што го правите!

Медитација, шетање во природа и било кој друг облик на квалитетно време насамо, можат да ве доближат до вашето вистинско „јас“ и да го развијат нивото на самосвест.

Добра појдовна точка е да стекнете навика секој ден во вашиот дневник да запишувате како сте се осеќале, а покрај тоа да ги запишете и акциите кои сте ги превзеле како одговор на тоа. Во текот на неделата ќе можете да ги набљудувате вашите реакци, а тоа ќе ви овозможи да сфатите дали вашите одговори допринесуваат на воспоставување на искрена и отворена комуникација со другите. Ако не, тогаш вреди да се промени начинот на кој што реагирате на своите емоции.

  • Мотивација

Пробајте почесто да размислувате за тоа кои сте и што сакате од животот. Бидете јасни каде сакате да одите, и започнете да правите мали промени секој ден кои го поддржуваат вашиот план за иднината.

Време е да преземете акција, да ја преземете контролата над својот живот и да започнете да носите ефикасни одлуки.

  • Емпатија и комуникациски вештини

Емпатијата е вашиот вистински однос спрема другите, а не само вашето размислување во врска со тоа. Тоа е вашето чуство на сочуство спрема другите луѓе. Ако не сте во состојба да ги средите своите чуства, пробајте повеќе да комуницирате со луѓе. Ова е по бавен но поубав процес. Ако сте во близина на луѓе, можете да ги подобрите своите комуникациски вештини и да развиете емпатија.

girl 2032802 1280

Друг начин е да поминувате повеќе време со деца или постари роднини, тренирајќи ангажираност и согледувајќи ги нивните човечки вредности и кревкост.

Најважно е дека морате да разберете дека емоционалната интелегенција не може да се симулира, туку да се развие низ вистински чекори и акции.

Пробајте да ги вежбате овие 5 клучни аспекти на емоционалната интелегенција секој ден додека не ви станат природни. Пробајте да ја одржите вашата мотивациска моќ со помош на мислите и после некое време со сигурност ќе осетите дека емоционалната интелегенција е ваш вистински квалитет.

А потоа ќе морате да продолжите со пракса на истото, бидејќи луѓето никогаш не се премногу секси или премногу среќни!

Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …
Како неспособните ги преценуваат сопствените способности – Данинг-Кругеров ефект
Во животот неизбежно сте сретнале барем една ваква личност – тој тврди …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…