Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола има долгогодишна традиција на соработка со амбасадата на Република Чешка а врз основ на еден од постарите во светот детски ликовни конкурси „Лидице” кој во оваа 2О26 година го одбележува своето 54 издание.

„Вчера во Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола за свој гостин ја имавме заменик амбасадорката на Чешка Н.Е. Андреа Штајнер Вотавова која на нашиот ученик – учесник на 53 издание на светскиот детски ликовен конкурс “Лидице 2О25” Андреј Миленковски му ја додели Дипломата за освоената награда.Конкурсот е во ко-организација со Министерството за надворешни работи – Министерството за образование – млади и спорт како и Министерството за култура на Република Чешка во соработка Чешкиот УНЕСКО центар па со тоа во традиција преминала и посетата на амбасадорите на нашето студио што е голема почит кон врвните ликовни достигнувања на нашите членови.

Со ова остануваме на еден од фундаментите на мојот татко дека секое дете кое освоило награда или обична диплома треба да има посебен третман и истата мора да има и формат на церемонијално вреднување затоа што тоа е есенцијално кон негата и развојот за ликовниот талент кај младите ликовни уметници и талентирани ученици” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Заменик амбасадорката при посетата му честиташе на Миленковски за наградата и му подари и ликовни материјали од Чешката амбасада при што ја поздрави активноста на студиото и го потврди своето присуство на чинот на свечено отворање на 45 издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” кое ќе одржи на 23 мај 2О26 година. Ние како организатор ги согледавме додадените вредности кога на официјални лица од дипломатско – конзуларните претставништва на странските држави им даваме можност на чинот на отворањето на делегациите кои де факто ја претставуваат и својата земја да им ги доделуваат наградите за учество но и златните медали и дипломи по светскиот детски ликовен конкурс со изложба “Битола” кој за 2О26 година ќе го има своето 44 издание.
Она што за нив е протоколарен сегмент за учесниците е од голема важност затоа што на овој начин и матичните земји им оддават признание за успехот бидејќи и не е лесно од над 85О школи кои учествувале на конкурсот да се најдете на листата од 25 – 3О за 2О26 година и да бидете поканети на “Мал Битолски Монмартр” каде се очекуваат повеќе од 2ОО гости учесници – професори – асистенти и родители од цел свет.” – истакна Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.








