sneg

Современото родителство претставува вистински предизвик. Родителите сѐ помалку можат да им влијаат на своите деца за да тие да бидат физички активни, односно да прават активни паузи додека играат компјутерски игри, гледаат ТВ, скролаат по друштвените мрежи.

Јасно ни е на сите дека 21 век е доба на технологијата и интернетот, па многу деца побргу би останале дома пред компјутер, отколку да излезат надвор или да бидат физички активни.

Човечкото тело, особено она во развој е совршина машина која подобро работи колку повеќе се движи. Веќе секојдневно се соочуваме со негативните ефекти од недостатокот на вежбање, движење кај децата.

child 7871299 1280

Физичките вежби се важни за секое дете, затоа што допринесуваат за физичка и емоционална благосостојба кај децата. Со оглед на тоа дека сѐ повеќе деца имаат проблем со вишокот на килограми, балканските земји не се исклучени од овој проблем – експертите препорачуваат најмалку 60 минути физички активности кои би допринеле согорување на мастите и би се намалил ризикот од дебелеење во тинејџерска возраст, а во подоцнежна возраст и прекумерна тежина.

Физичката активност му помага на детето да одржи здрава телесна тежина, но исто така физичките вежби ја подобруваат и работата на мозокот.

child 613199 1280

Многу научни истржувања имаат докажано дека децата кои се физички активни имаат поголема самодоверба и се подобри ученици, така што постигнуваат повисоки резултати во училиште за разлика од децата кои се малку или кои се воопшто неактивни.

Физички неактивните деца се склони на различни здравствени компликации: висок крвен притисок, дебелеење, дијабетес тип 2, стрес, депресија, нередовен сон.

Како да се мотивираат децата да вежбаат?

canyon 1836412 1280

Повеќето деца кои не се занимаваат со спорт – бидејќи се зафатени со гледање ТВ, играње на компјутер, па така сѐ повеќе родители бараат начин како да ја надминат оваа зависност на нивните деца.

Постојат неколку начини како да се мотивираат децата да поминуваат помалку време пред екрани. Некои деца не сакаат да вежбаат, бидејќи не уживаат во тоа, затоа родителите треба да се погрижат активностите да им бидат забавни.

Децата учат преку примери ако имаат родители кои се занимаваат со физички активности, веројатно и тие ќе развијат такви интереси. Исто така е важно уште од мали децата да се учат да бидат физички активни .

Намалување на времето кое децата го поминуваат пред екран може да го зголеми нивниот интерес за физичка активност. Кога нема ТВ или телефон, децата природно ќе посакаат да се движаат и да бидат физички активни.

Пожелно е родителите да создадат доволно простор за играње во куќата и да им дозволат на децата да прават различни вежби и тие сами да си ги избираат вежбите, така што ќе исполнат еден час со физички активности – секако со тоа што ќе им дозволат да направат одмор доколку се уморат.

sisters 931131 1280

7 идеи за физички активности:

  1. Игри на отворен простор – носете ги децата в парк, на игралиште или на прошетка во природа. Не само што ќе се движат туку и ќе дишат свеж воздух.
  2. Искористете ги училишните ресурси – скоро сите училишта имаат програми за физичко воспитување, воннаставни спортски тимови или клубови во кои вашите деца можат да учествуваат.
  3. Физичката активност нека биде секојдневна рутина – мотивирајте ги вашите деца да прават вежби како скокање, трчање, стомачни вежби во текот на денот додека им е време за пауза од екраните.
  4. Бидете активни како семејство – имајте заеднички физички активности, возење велосипед, пливање, планинарење, пешачење во природа.
  5. Искористете ги предностите на технологијата – постојат многу интерактивни фитнес апликации и видео снимки кои можат да ви помогнат за вежбањето со вашите деца да биде забавно.
  6. Ограничете им го времето пред екран на децата – објаснете им дека многу време поминато пред екран е штетно за нив, за почеток охрабрете ги да прават почести паузи и редовно потсетувајте ги, употребете ги и апликациите преку кои можете да им го контролирате времето поминато пред екран.
  7. Бидете им пример – децата бараат насоки и инспирација од своите родители, со добар пример и заеднички физички активности можете да ги потикнете вашите деца да ве следат.
Зошто сме постојано уморни и кога ништо не правиме
Никогаш немаме работено повеќе – а никогаш не сме биле поуморни. Деновите …
Македонското вино и храна – Совршена симфонија на вкусовите
Виното секогаш ја следи храната, со својата разновидност на вкусови, ароми и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…