Карл Густав Јунг може да се нарече позитивен психолог и филозоф. Во секоја невроза и депресија, тој гледаше импулс за ширење на свеста.
Ова се цитати кои ќе ни помогнат да се разбереме и прифатиме себеси онакви какви што навистина сме:
♥ Не го задржувајте она што си оди. Во спротивно, тоа што оди кон тебе нема да дојде.

♥ Ако некој не разбира друг човек, тој ќе има тенденција да го смета за будала.

♥ Најтешкиот товар што лежи на рамењата на децата е неизживеаниот живот на нивните родители.

♥ Твојата визија ќе стане јасна дури кога ќе погледнеш во твоето срце. Оној кој гледа надвор – гледа само соништа, оној кој гледа внатре, се буди.

♥ Осаменоста не се отсликува во отсуство на луѓе околу вас, туку во неможноста да разговарате со луѓето за она што ви е важно или неприфатливоста на вашите верувања.

♥ Ние се стремиме во минатото кон нашите родители, и напред кон нашите деца, кон иднината која никогаш нема да ја видиме, но за која сакаме да се грижиме.

♥ Депресијата е како дама во црно. Ако дојде кај вас – не ја присилувајте. Поканете ја на маса, како гостин и слушнете што има намера да ви каже.

♥ Сè што ве иритира кај другите може да доведе до саморазбирање.

♥ Ако сте талентирана личност, тоа не значи дека нешто сте стекнале. Тоа значи дека можете да дадете нешто.

♥ На тоа што се спротивставувате – тоа опстојува.

♥ Осудата не ослободува, туку гуши.

♥ Вашиот поглед ќе стане јасен дури кога ќе можете да погледнете во сопствената душа.

♥ Јас – не сум тоа што ми се случило, јас сум она што решив да бидам.

♥ Можеби мислиме дека целосно се контролираме себеси. Сепак, пријателот многу лесно може да ни каже за нас она што ние не го гледаме.

♥ Здравиот човек не ги мачи другите. Оние кои се измачувани, во принцип, се претвораат во мачители.

♥ Тажната вистина е дека човечкиот живот, всушност, се состои од збир на непомирливи спротивности – ден и ноќ, раѓање и смрт, среќа и несреќа, добро и зло. Не сме ни сигурни дека едното ќе надвладее над другото, дека доброто ќе го победи злото, а радоста ќе го потисне страдањето.

Предавање на теми од книгите на проф. д-р Зоран Крстевски во битолската библиотека
Пред преполната сала во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, предавање одржа проф. …
Марко Николиќ албумот првенец ќе го промовира и во Македонија
Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…