Секој, барем еднаш во животот, бил жртва на емоционален, енергетски вампир. Тоа се луѓе кои прават да се чувствувате депресивни, лути, да заземете одбранбен став или едноставно да се чувствувате празно откако сте во нивно друштво. Тие се околу вас и тоа е непобитен факт.
Жртвите на емоционалните вампири понекогаш може да развијат нездраво однесување и симптоми, како што се прејадување, изолација, промени во расположението или чувство на замор, кога се во подолг контакт со овие луѓе. Понекогаш едноставно не можете да ги избегнете.
Сепак, постојат одредени стратегии со кои можете да се ослободите од овие луѓе на цивилизиран начин.
Контролер
Овој вампир има мислење за се и мисли дека знае што е најдобро за вас. Треба да бидете подготвени кога треба да запознаете ваква личност, бидејќи таа има лекција за вас за кое било прашање – од облекување преку исхрана до воспитување деца и животни избори.
Како да се одбраниш? Не се фаќајте во расправии за ситници. Ако дотичната, на пример, каже дека е грозно што сте се вратиле на работа, бидејќи (според неа) требало да останете со детето уште неколку месеци, зборувајте сами и бидете сигурни. Кажете дека тоа е ваша работа и дека животните одлуки ги носите вие и никој друг.
Нарцис
Овој вампир е грандиозен, полн со себе, сака да биде во центарот на вниманието и е гладен за восхит. Можеби сте запознале таква личност и сте биле воодушевени од нејзината личност. Таа е толку шармантна и интелигентна што на почетокот не забележувате дека ве прекинува кога ќе почнете да зборувате за себе и многу ретко поставува дополнителни прашања или прашува како се чувствувате.
Како да се заштитите? Таа личност можеби е забавна, но таа не се грижи, не се приспособува или не дава поддршка во најтешките моменти. Сепак, уживајте во нејзините добри страни и имајте реални очекувања. Мотото на оваа личност е „Јас сум на прво место“ и фактот дека можеби сте лути на неа нема да ја допира премногу или да ја исфрли од колосек.
Критичар
Овој вампир мисли дека е квалификуван да ве осудува и да ве омаловажува. Тоа може да биде претпоставен на работа чие его расте кога ќе ви каже дека „имате толку многу да научите“, тресејќи ја главата. Или, пак, таа личност може да инсистира повторно да проверите што сте направиле, бидејќи „работата не смее да трпи“.
Како да се заштитите? Не сфаќајте лично што ви кажуваат таквите луѓе. Не бидете дефанзивни, но и не се откажувајте. Ако однесувањето на таква личност ви помага на некој начин, едноставно заблагодарете му. Таа се однесува така, бидејќи на тој начин бара почит и добрина.
Жртва
Овој вампир мисли дека светот е против него. Можеби отсекогаш ти била пријателка, па ти стискаш заби и трпиш да ја слушаш секој ден кога се жали на несовесни соседи, зголемени цени на горивото или колку е осамена. Понекогаш се чини дека таа бара од вас да ја спасите.
Како да се заштитите? Не бидете нејзин терапевт или финансиски советник. И, не и кажувај да се собере. Добрата работа е што можете да видите кој ви се јавува, затоа ограничете ги разговорите на еднаш неделно.