zamislena

Често се случува да потониме во сопствените мисли и да не го контролираме она што доаѓа и си оди од нашата глава. Понекогаш целиот овој процес знае да ѝ наштети на реалноста и да го забави процесот на реализирање соодветни акции со кои лесно би можеле да заборавиме на несоодветниот мисловен процес кој на некој начин ја прави реалноста депресивна, „непоправлива” и исполнета со тешкотии.

Најголемата грешка која ја правиме, понекогаш и несвесно, е тоа што огромен дел од слободното време го поминуваме мислејќи на тоа како да исполниме одредена задача и зошто ни се случува ова токму нам. Ваквиот стадиум го забрзува појавувањето на блокадите во мисловниот процес и често завршуваме заплеткани во сопствените мисли. Со цел да ја избегнеме ваквата „реалност” пожелно е секојдневно да се самозапознаваме и да научиме како да го контролираме она што ни се случува во нас.

woman g9d6a2c82b 1280

Не бараме изговори, бараме решенија

Наместо целиот ден да го поминеме барајќи изговори зошто не би функционирала одредена зацртана цел, пожелно е да бараме решенија, односно како би направиле да го постигнеме она што сме го наумиле. Идеите не се раѓаат во нашиот мисловен процес, со цел да нé блокираат, тие се раѓаат со цел да нé поттикнат да го користиме капацитетот со кој располагаме и постојано да ја развиваме функцијата на мозокот. На тој начин мозокот работи постојано, а тогаш нема време за несоодветни мисли кои не само што го попречуваат нормалниот развој на работите, туку и резултираат со одредени психолошки последици.

Пружете си одмор и посетете ја омилената туристичка дестинација

Промената се докажала како добар лек за сите рани. Во моментите кога се чувствуваме напнато и не можеме да ја издржиме реалноста, добро би ни дошла промена. Одличен начин за промена е посета на некоја омилена туристичка дестинација, која не само што ќе ни помогне при чистењето на сите тешкотии кои сме ги насобрале, туку ќе направи и за момент да се ослободиме себе си со тоа што ќе заборавиме на обврските.

girl g13c50511e 1280

Акцијата секогаш резултира со реакција

Доколку времето со кое располагаме е исполнето со обврски и можности како да се надоградиме себе си, наместо секојдневни жалби и критики, ќе сфатиме дека нашиот мозок е фокусиран на извршувањето на тие поставени цели, а не на негативните мисли. Фокусот кон работите кои би ни донесле добро нам, па и на сите останати секогаш ќе резултира со позитивни исходи, додека преголемата концентрација и посветување на времето на сé она што не ни одговара, само ќе го влоши нормалниот тек на размислувањето.

man gf6ba03402 640

Најдете си хоби кое ќе ви пружи релаксација

Секојдневно сме изложени на извршувањето на задачите кои се бараат од нас. Секако тоа е добро, затоа што учиме, се надоградуваме и се здобиваме со разнолики искуства. Но што со времето во кое не знаеме што да правиме? Изнаоѓањето на хоби е една од најдобрите тактики кои можеме да ги искористиме за да се релаксираме и да си пружиме нешто корисно себе си. Било да е тоа, скијање, планинарење, пешачење, пишување, уметност и.т.н. Ние не само што се запознаваме подлабоко себеси, туку и сфаќаме што е она што навистина нé привлекува и кое можеби во иднина ќе ни донесе изобилство на среќни моменти.

Цитати кои ве поттикнуваат да го промените вашиот живот
„Никој не може да ве натера да се чувствувате инфериорни без вие …
45. јубилејно издание на „Мал битолски Монмартр“ се отвора утре во Офицерскиот дом – Битола
На 23 мај 2026 година, со почеток во 20 часот, во архитектонскиот …
JK Travel
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…